Македонија
41 крводарителска акција од јануари годинава организира општинската организација Црвен крст – Центар
По повод Светскиот ден на крводарителството, Општина Центар известува дека општинската организација на Црвниот крст – Центар од јануари до мај 2024 година има организирано 41 крводарителска акција, во која се обезбедени 1.938 крвни единици.
„Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот. Општина Центар во соработка со Црвениот крст секоја година организира по 3 крводарителски акции, односно 4 пати во една календарска година. За учество во крводарителските акции и успешно спроведените заеднички проекти, Црвениот крст пред неколку месеци му додели признание на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски“, се истакнува во соопштението.
Во него се појаснува дека Општина Центар реализира низа успешни проекти, меѓу кои годинава првпат лицата со попреченост да добијат бесплатен превоз до здравствените установи. Одличен хуман проект со кој Општината гим о олеснува животот на оние на кои тоа им е најпотребно.
Соработка има и во рамките на едуцирање на децата од градинките за здравите хигиенски навики, како и едуцирање на предшколскиот и наставниот кадар со учениците од 8 одделение како да постапуваат во ургентни ситуации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

