Спорт
(Видео) Осимен во живо на Инстаграм му врачи отказ на селекторот
Виктор Осимен, нигериски напаѓач вреден 100 милиони евра, со една објава на Инстаграм „му врачи“ отказ на селекторот Финиди Џорџ.
Нигерија не игра добро во квалификациите за Светското првенство, а по поразот од Бенин, прашање е дали оваа репрезентација ќе избори место на Мундијалот во 2026 година.
Осимхен поради повреда ги пропушти натпреварите против Јужна Африка и Бенин (реми и пораз) во квалификациите за Светското првенство.
Селекторот Финиди Џорџ наводно рекол дека не можел да го моли Осимхен на колена да игра за Нигерија. Оваа изјава предизвика без кај напаѓачот на Наполи.
Во директен пренос на Инстаграм му одговори на селектор: „Се повредив на последниот натпревар во првенството и не прифаќам шпекулации. Секогаш играв со срце за репрезентацијата и покрај повредите. Изгубив секаква почит кон тренерот. Ќе му го покажам мојот здравствен картон. Јас барав да бидам со соиграчите и покрај тоа што сум повреден“.
После тоа, некој од неговиот тим му го зеде мобилниот телефон на Осимхен.
Финиди по оваа објава доби отказ. На функцијата селектор на Нигерја се задржа само два месеци.
Victor Osimhen lambastes Finidi George for singling him out for criticism.
— YabaLeftOnline (@yabaleftonline) June 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џек пот за Мерцедес, Џорџ Расел и Макс Ферстапен во Лас Вегас
Џек пот за Мерцедес и возачот на Ред Бул Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Лас Вегас.
Низ улиците на „градот на гревот“ победи Џорџ Расел, пред тимскиот колега Луис Хамилтон. Помладиот од двајцата Британци ја забележа третата победа во кариерата, а Мерцедес прв пат по 2022 и трката во Бразил забележа еден-два победа. Ферстапен од друга страна заврши на петтото место, но успеа да ја обезбеди четвртата шампионскат титула.
Трката во Лас Вегас покрај победникот и старо-новиот шампион ја обележа и Луис Хамилтон. Седумкратниот првак е возач на денот, стартуваше од 10.место, возеше брилијантно и благодарение на добрата тимска стратегија успеа да дојде до второто место.
Покрај возачите на Мерцедес место на подиумот избори Карлос Саинц од Ферари, зад него беше неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Наредната трка, претпоследна во сезоната ќе се вози следнот викенд во Катар.
Спорт
(Видео) Расинг прв пат во историјата е шампион на Копа Судамерикана
Аргентинскиот клуб Расинг е шампион на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) за 2024 година. Оваа екипа ја освои првата титула во ова натпреварување со победата над Крузеиро во финалето одиграно во парагвајската престолнина Асунсион со 3:1.
Расинг подобро го отвори натпреварот. Веќе во седмата минута Гастон Мартирена му донесе водство на Расинг, но тој гол беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Осум минути подоцна, Мартирена повторно ја погоди мрежата, овојпат голот беше регуларен и Расинг поведе.
Веќе во 20. минута беше 2:0 за Расинг по голот на Адријан Мартинез.
Напаѓачот на аргентинскиот клуб ја затресе мрежата по нафрлената топка која му ја испрати Максимилијано Салас.
Оттогаш Крузеиро повеќе се закануваше, но иницијативата ја круниса само со еден гол Во 52. минута Каихо Хорхе ја намали негативата.
Се водеше речиси рамноправна борба до финишот, а во петтата минута од судиското надополнување Расинг ги казни очајните обиди на ривалите да израмнат и го реши прашањето околу победникот.
Голот за големото славје во клупската историја го постигна Колумбиецот Роџер Мартинез на асистенција на Хуан Нардони.
Спорт
(Видео) Симеоне преплавен од емоции: Многу го сакам овој клуб
Легендата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, вчера 700.пат во кариерата го предводеше Атлетико и ја забележа 300. победа во Примера (413 во сите конкуренции).
Симеоне, го преплавија емоциите по натпреварот додека разговараше со новинарите и поранешниот капитен Диего Годин.
„Како што можете да видите, јас живеам во сегашноста. Поминуваме низ добар период, играчите работат со голема одговорност. Мирен сум, срцето ми е на место“, рече Симеоне, кога гласот наеднаш му затрепери.
„Во моментов… Толку многу го сакам овој клуб“, рече тој и кажа „збогум“, го предаде микрофонот и си замина, не сакајќи публиката во живо да биде сведок на неговиот редок излив на емоции.
SIMEONE SE EMOCIONA EN #DAZN HABLANDO DE SU FUTURO pic.twitter.com/x7nS544sbw
— DAZN España (@DAZN_ES) November 23, 2024
Оваа сабота против Депортиво Алавес, тој го предводеше својот Атлетико по 700-ти пат откако беше промовиран во декември 2011 година како тренер на клуб кој не наликуваше на овој што го имаме денес.
Освои освои две Лига Европа, играше во две финалиња во Лигата на шампионите, освои две титули во шпанската лига, еден Куп на Кралот и три национални и континентални Суперкупа.
Со пресврт против Алавес во изведба на неговиот син Џулијано Симеоне стигна до 413. победа. Арсен Венгер имаше 407 победи кога го предводеше Арсенал по 700-ти пат, а Сер Алекс Фергусон 382.