Свет
(Видео) Трамп го покани Бајден на когнитивен тест, а потоа во следната реченица направи гаф
Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател да направи когнитивен тест, но во следната реченица го помеша името на сопствениот доктор. Републиканскиот претседателски кандидат редовно го критикува Бајден за неговите гафови.
Говорејќи во Детроит, Трамп ја доведе во прашање менталната острина на претседателот. „Тој дури и не знае што значи зборот инфлација. Мислам дека треба да направи когнитивен тест како што направив јас“, рекол Трамп, пренесува „Скај њуз“.
BREAKING: While Trump brags about “acing” a dementia test, he forgets the name of Ronny Jackson twice and calls him Ronny Johnson. pic.twitter.com/gZA76uu3Oj
— MeidasTouch (@MeidasTouch) June 15, 2024
Неколку секунди подоцна, тој продолжи: „Д-р Рони Џонсон. Дали сите го познаваат Рони Џонсон, конгресменот од Тексас? Тој беше доктор во Белата куќа и рече дека сум најздравиот претседател во историјата, па веднаш ми се допадна“.
Сепак, тој очигледно мислеше на Рони Џексон, кој беше лекар во Белата куќа за време на неговиот претседателски мандат. Џексон беше избран во Конгресот во 2021 година и е еден од најгласните бранители на Трамп на Капитол Хил.
Во 2018 година Трамп направи когнитивен тест на негово барање, изјави Џексон на новинарите тогаш. Испитот е дизајниран да открие рани знаци на губење на меморијата и други благи когнитивни оштетувања. Трамп, кој во петокот наполни 78 години, се запраша дали Бајден како 81-годишник воопшто треба да се кандидира за втор мандат.
Бајден исто така се потсмеваше на годините на Трамп. „Честитки од еден до друг старец. Годините се само бројка“, напиша Бајден во саркастична објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

