Македонија
Собранието ќе ја одржи петтата седница
Собрание на Република Северна Македонија ќе ја одржи петтата седница.
На дневен ред на оваа седница се две точки – Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседател, членови и заменици – членови на Советот на Собранискиот канал.
За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија се предлага Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се предлагаат пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жданец, Трно Дол и Нерези и улица 3 во Батинци денес без вода
Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 80мм. на улица Жданец бр.2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Жданец, н.Трно Дол и н.Нерези.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето за овие скопски наслелби ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување на работните активности,
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 3 бб. Батинци, со прекинато водоснабдување денеска се и корисниците од Батинци. Водоснабдувањето за овие корисници е прекинато од 08:00 часот утрово, а ќе трае до завршување на работните активности, наведуваат од Јавното претпријатие.
Македонија
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
Најниска темепратура во државата утрово од 11 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Крушево со 13 степени, 14 во Крива Паланка и Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип и 18 степени во Скопје кај Петровец, Демир Капија и во Куманово.
Најмногу воден талог за изминатите 24 часа заклучно до 8 часот е наврнат во Штип од 9 л/м2, а во Крива Паланка 1 л/м2 .
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.