Скопје
Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, такво насилство, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви, е незапамтено во општината, велат од Карпош

Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани.
„Такво насилство, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа, извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите што сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните што гравитираат во тој дел, како и за фирмите што имаат имот во оваа населба. Готово и да нема граѓанин што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма што повеќепати не е брутално ограбена, а сторителите им се познати и на мештаните и на органите на прогонот“, велат од Општина Карпош.
„За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќепати изврши разговор со Полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за насилниците да бидат санкционирани затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани туку и жителите на Бардовци и Влае 1“, се вели во соопштението на Општината.
Општина Карпош бара од полицијата, Обвинителството и од судот најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка, својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница, како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат сѐ повеќе замав, се додава во соопштението на Општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на улицата Црвена вода бр. 24, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Дел од Центар, Чучер Сандево и од Зелениково без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 06:00 – 09:00 часот, корисниците од улицата Борка Талевски, општина Центар;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од селата: Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, општина Чучер Сандево;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од село Страхојадица, општина Зелениково.
Македонија
„Знае ли општинската инспекција за масовното уништување на животната средина во Аеродром“, прашува СДСМ

„Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно Лисиче“, велат од СДСМ.
„Општинската инспекција повеќе работи на личниот пи-ар и дигитален маркетинг на Дејан Митески, отколку на заштитата на животната средина.
Општината е во целосен распад, диви депонии на секој чекор, неискосени тревници, распадната урбана опрема и преполни контејнери и корпи за отпад се дел од секојдневието на жителите на Аеродром, како никогаш до сега. Енормно загадување на воздухот во зимскиот период. И сега дополнително загрозен водниот тек на реката Вардар и целиот негов екосистем.
Дејан Митески на сограѓаните од Аеродром им должи одговори: Работи ли нешто општинскиот инспектор за заштита на животната средина?
Дали Општина Аеродром има било каква информација или пријава дека на својата територија има сепарација за ископ на песок која работи без потребните лиценци, елаборати и дозволи? Доколку има дали тоа е проследено до Државниот инспекторат и инспекцијата на Град Скопје и зошто за тоа благовремено не е информирана јавноста?
Кога последен пат општинскиот инспектор за животна средина го посетил Долно Лисиче? Дали во последните 4 години општинскиот инспектор за заштита на животната средина има констатирано било какви прекршувања на законите за животна средина на територија на Аеродром?
Зошто раководителката на општинската администрација во работно време поминува повеќе време на расправање со граѓаните на Фејсбук отколку на терен? Ова ли е скандинавското управување со општините за кое говореше Мицкоски?
За катастрофите во Аеродром време е некој да понесе одговорност. Време е Митески и ВМРО-ДПМНЕ да заминат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.