Регион
Осомничениот за убиството на малата Данка тврди дека полицијата му го изнудила исказот

Срѓан Јанковиќ – еден од двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ во Бањско поле, беше сослушан на почетокот на јуни во Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Јанковиќ тогаш потврдил дека кобниот ден бил во тоа село во околината на Бор со неговиот колега од ЈКП „Водовод“ Дејан Драгијевиќ, но и негирал дека тој ден двајцата ја виделе Данка Илиќ, и дека удриле неа со службено возило.
Но, она што остана незабележано се тврдењата на осомничениот Јанковиќ дека изјавата во полиција му била изнудена, поради што Вишото јавно обвинителство Заечар отворило предмет, дознава Нова.рс.
Според информациите на српскиот портал, Срѓан Јанковиќ на рочиштето пред обвинителот истакнал дека исказот што го дал во полиција бил изнуден, како и дека негира се што кажал претходно.
„Вишото јавно обвинителство Заечар отвори предмет поврзан со околностите кои осомничениот Срѓан Јанковиќ ги изнесе на распитот во ова обвинителство, а поврзан со околностите на полицискиот распит“, велат од обвинителството за Нова.рс.
Како што додаваат, рочиштето на Јанковиќ, кое е закажано за утре, нема врска со овие наводи, туку ќе се сослуша за околностите на кривичното дело тешко убиство. На претходното рочиште, кое се одржа на почетокот на јуни, Јанковиќ негираше дека ја видел Данка Илиќ на 26 март.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени дека со службеното возило во Бањско поле ја удриле Данка Илиќ, ја ставиле во автомобил и ја однеле на блиската депонија.
Неколку дена по злосторството, Драгијевиќ, наводно, се вратил на депонијата и со помош на неговиот брат Далибор и таткото Радослав го префрлиле телото на друга локација. Во меѓувреме, Далибор и Радослав Драгијевиќ беа приведени, а Далибор почина во полициска станица.
Телото на Данка Илиќ се уште не е пронајдено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.