Спорт
(Видео) Џокерот на Мартинез спречи изненадување во Лајпциг – Португалија ја победи Чешка

Во последниот натпревар од првото коло од групната фаза на ЕУРО 2024, Португалија ја совлада Чешка со 2:1. Португалците до победата дојдоа со голот на Консеисао во 92.минита. Консеисао така гстана херојот на Португалија, а апосолутен трагичар е дефанзовецот на Чешка, Хранач.
Од самиот старт Португалеците ја зедоа топката и го контролираа натпреварот. Главно имаа околу 70% од поседот, но иако ја пропуштија целосната иницијатива на избраниците на Роберто Мартинез, Чесите компактно се бранеа и навремено се појавуваа пред пртугалскиот гол.
Португалија во првиот дел имаше две сериозни шанси. Кристијано Роналдо ги имаше и двете кога излезе очи в очи со голманот Станек. И двата пати голманот на Чешка излезе како победник, па полувремето заврши без голови.
Португалците продолжија да го диктираат темпото и во вториот дел, но Чесите покажуваа поголеми амбиции во нападот.
Во 62. минута го упатија првиот удар во рамката од голот. Брилијантен гол постигна Провод, кој ја погоди малата мрежа и голманот Коста не можеше да направи ништо.
Португалците експресно изедначија, седум минути по примениот гол, по уште еднадна долга акција, многу допири на топката, Мендеш ја врати топката пред голот, одличниот голман Станек ја одби, но за негова несреќа таа од ногата на Хранач влезе во голот.
Португалија постигна гол во 88. минута, кој беше поништен поради офсајд во кој се најде Роналдо на почетокот на нацијата.
Сепак, наградата за вложениот труд и доминацијата во поголемиот дел од натпреварот дојде во судиското продолжение. Во втората минута од судиското надополнување гол постигнува Флавио Консеиао, кој една минута претходно влезе на теренот. На голот му претходеше лошата интервенција на трагичарот Хранач.
Во следното коло дербито од групата се игра меѓу Португалија и Турција, а тој натпревар е закажан за в сабота. Истиот ден се среќаваат Чешка и Грузија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера

Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот.
„Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ.
И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера на стадионот, тој нагласува дека тимот останал концентриран.
„Бевме фокусирани на играта на теренот. Атмосферата ја чувствуваш само кога топката не е кај нас. Но кога си концентриран, ретко го слушаш тоа што се случува на трибините. Мислевме дека мора да победиме. За жал, не успеавме. Сега треба да играме во Андора – ќе биде тешко, но мораме да се опоравиме за следниот меч и да победиме, затоа што сè уште имаме надеж.“
Влаховиќ призна дека најтешки моменти биле двете големи шанси кои не ги реализирал и ја превзема целосната одговорност.
„Најмногу сакав да постигнам гол, повеќе од било кој друг. Не успеав и многу жалам. Кажав во соблекувалната – не барав алиби. Сè можеше да биде различно ако постигнев гол во првото полувреме. Мечот можеше да тргне во друга насока и можеби ќе победевме. Сепак, загубивме и многу ни е тешко“, истакна Влаховиќ.
Спорт
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.
„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.
Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.
Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.
Спорт
Нови главоболки за Мареска: Се повреди и Енцо Фернандез

Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена.
Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната уште летоска по тешка повреда на колено.
Сега останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета за натпреварот против Нотингам Форест, а потоа и против Ајакс и Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“.