Свет
Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kim-putin-stoltenberg.jpg)
НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот на НАТО, по првата посета на Путин на затворената држава со нуклеарно оружје во последните 24 години.
За време на неговата посета и разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Путин вети дека ќе ги продлабочи трговските и безбедносните врски и ќе ја поддржи Северна Кореја против САД, близок сојузник на нејзиниот лут противник Јужна Кореја.
САД ја обвинија Северна Кореја дека и испорачувала на Русија „десетици балистички ракети и преку единаесет илјади парчиња муниција“ кои треба да се употребат во Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничкиот прес-брифинг по разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека руската војна во Украина ја поддржуваат Кина, Северна Кореја и Иран, кои посакуваат пад на НАТО.
„Исто така, ние сме загрижени за можната поддршка што Русија би можела да ја даде на Северна Кореја, кога станува збор за поддршката за нивната ракетна и нуклеарна програма“, рече Столтенберг.
Тој рече дека ова, заедно со поддршката на Кина за руската воена економија, покажува дека безбедносните прашања во Европа се поврзани со Азија и додаде дека на самитот на НАТО што ќе се одржи следниот месец во Вашингтон, ќе се зајакнат врските на алијансата со Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Screen-Shot-2020-07-16-at-6.49.52-PM.png)
Голем шумски пожар избувна на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи е испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација.
Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската.
Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година.
Регион
Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/policija-belgrad.jpg)
Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го посети повреден припадник на Жандармеријата. Дачиќ претходно изјави дека неидентификувано лице, чиј идентитет се утврдува, денеска околу 11 часот пукал со самострел во припадник на жандармеријата и го ранил во вратот.
Припадникот на жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
„Специјалното обвинителство го презеде случајот, иако идентитетот на лицето не е утврден, но нема сомнеж дека се работи за терористички акт насочен и против државата Србија и против припадниците на Жандармеријата. Дали поединец делувал сам или групно ќе дознаеме наскоро… Превентивно уапсивме други лица кои беа во близина на полицискиот објекти. Некои сомнежи се веќе присутни и има индиции дека се работи за луѓе кои се познати на безбедносните служби и се работи за вахабистичко движење, но тоа не е потврдена информација. Ги зајакнавме сите безбедносни мерки во градот. Напаѓачот имал и нож. Заклучокот е дека станува збор за терористички напад во кој се вклучени лица кои имаат врски со вахабистичкото движење“, рече министерот Дачиќ.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Чиле
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 44 километри југоисточно од градот Антофагаста.