Европа
(Видео) Девојка беше однесена од бран на плажа: снимен страшниот момент кога исчезнува под водата во Сочи

Случаен минувач го снимил шокантниот момент кога 20-годишна девојка била однесена од голем бран на плажа во Сочи, Русија, додека имало невреме.
Според руските медиуми, инцидентот се случил на 16 јуни и оттогаш девојката не е пронајдена.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео кога девојката исчезнува на плажа.
A young woman was swept into the open sea during a storm in Sochi, Russia
She was on the beach with her boyfriend. At one moment the waves knocked the couple off their feet. The man managed to get out, but the young woman was swept back into the sea by the current.
So far… pic.twitter.com/T1bRqYnKGI
— NEXTA (@nexta_tv) June 18, 2024
На снимката се гледа како девојка шета на плажа со своето момче, додека брановите беснеат. Иако првично биле на плажа, во еден момент поради брановите губат рамнотежа, но младиот човек успева да излезе од водата.
Меѓутоа, вториот бран ги покрил и двајцата и го одвлекол младиот човек понатаму кон плажата, додека девојката била однесена и исчезнала во водата.
На видеото потоа се гледа како младиот човек очајнички ја бара, но безуспешно.
Руските медиуми јавуваат дека иако биле мобилизирани службите на Министерството за вонредни ситуации, девојката до денес не е лоцирана.
Како што напоменуваат, на 16 јуни, плажите во Сочи биле затворени поради временските услови кои владееле во тоа подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин