Скопје
Aкција на „Комунална хигиена“ – Скопје за исплата на заостанатиот долг, без пресметана камата

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници – физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, дека од денеска – 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од 2007 година).
Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кај коишто услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од о.Шуто Оризари). Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на ЈП Комунална хигиена-Скопје, на улицата Боро Тодоровиќ бр.2, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)