Регион
Во Крагуевац продолжи судењето на роднините на Урош Блажиќ
Во Вишиот суд во Крагуевац, судењето на Горан Гавриловиќ (50) и Борис Гавриловиќ (20) од селото Вињишта кај Крагуевац, вујко и полубрат на Урош Блажиќ, кои беа обвинети за убиство на девет и ранување на 12 лица ноќта меѓу 4 и 5 мај, продолжи во селата Дубона и Мало Орашје.
Обвинетите Горан и Борис Гавриловиќ, кои се товарат за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, во соизвршување, нешто пред 10 часот, под силни безбедносни мерки, во придружба на полицијата, биле донесени во судот од притворското одделение на Казнено поправната установа во Крагуевац.
За кривичното дело кое се товарат Гавриловиќ се заканува затворска казна од две до 12 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: На 5.800 метри забележавме албански дронови, ги извидувале позициите на српската војска
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се обрати пред медиумите во касарната Бањица 2 во Белград по завршувањето на седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот.
Тој предупреди дека „буквално од сите правци“ се засилени воздушните извидувачки операции кон Србија.
Но, тој изјави дека границата не е помината. Кажа дека на 5 и 20 јуни биле забележани албански беспилотни летала „Бајрактар“ како полетуваат од Ѓаковица, град во западно Косово.
Тој, како што пренесуваат медиумите во регионот, додал дека Бајрактарите достигнале височина од околу 5.800 метри „со намера да ги извидат позициите на српската војска“.
Коментирајќи ги заклучоците од седницата, тој рече дека се „модернизира и зголемува опремата и оружјето“, пренесува „Нова.рс“.
Тој призна дека не е задоволен од пополнувањето на единиците на српската армија „на северот на Србија, особено во Белград и Војводина“.
„Имаме многу предизвици. Во регионот се собрани големи сили, од значајни сили во земјите од регионот до огромен број членки на НАТО за кои сме убедени дека нема да бидат искористени против српскиот народ или Србија на кој било начин“, кажа тој. Заклучи дека Србија мора да биде „многу појасна“ во својата порака за одвраќање на секој потенцијален агресор.
Регион
Земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 63 километри од Ираклион, на длабочина од 14 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Земјотресот е регистриран во 9:34 часот по локално време.
Регион
Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.
Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.
„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.
Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.