Спорт
Милко Ѓуровски: Тадиќ е фино момче, јас да бев негово место немаше да влезам во игра
Милко Ѓуровски во интервју за „Моцарт спорт“, го најави утрешниот натпревар меѓу Словенија и Србија на Европското прврнство. Милко, со години ивее во Марибор, а во кариерата играше за белградските великани Црвена звезда и Партизан.
„Мала предност и давам на Словенија. Пред се поради менталитетот. Ќе се подготват многу добро. И тие што играат и тие што седат на клупата. Таму има добри играчи. Го имаш Шешко, кој е добар, го имаш Шпорар, кој лесно влегува во шанси… Ме потсетува малку на Златко Вујовиќ. Само што Златко беше десет пати подобар. Имаат страшен голман, тој Стојановиќ… Како тим треба да ги почитуваш. Но, ако гледаме поединечно, Србија е многу посилна. За жал, не играат имиња“.
Милко ја коментирае и изјвата на српскиот капитен Душан Тадиќ по натпреварот со Англија. Тадиќ јавно го искажа незадоволството што го почна мечот со Англија од клупата за резерви.
„Па кажи ми зошто да го осудам? Дали ја слушна изјавата? Не навлегувам во тоа дали е најдобар… Прво, тој е капитен. Тој само рече дека сакал да игра од самиот почеток. И дека ја почитува одлуката. Не спомна дека е лут, дека повеќе нема да игра, ниту нешто слично. Добро, седеше на клупата, па влезе. Јас, на пример, не би влегол“.
Се ставаш во негова позиција…
„Да! Затоа што јас сум таков лик. Јас не би влегол! Тој е мирно, примерно момче. Тој само го кажа она што му беше на ум. Тоа го знае и Пикси. И тој беше во такви ситуации. Ќе се вратам на себе – кога тренерот ќе ме остави на клупата, навивав мојот тим да загуби. Така размислував кога играв. А Тадиќ видовте како реагираше. Изјавата е коректна. Момчето само се цени себеси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

