Спорт
Почина еден од најдобрите во историјата на бејзболот
Познатиот бејзбол играч Вили Мејс почина на 94-годишна возраст. Станува збор за човек кој е веднаш зад легендарниот Бејб Рут во речиси сите статистички параметри.
Кариерата на Мејс во МЛБ започна во 1951 година со Њу Јорк Џајантс, франшиза која се пресели во Сан Франциско седум години подоцна, и помина речиси две децении во градот, во сојузната држава Калифорнија. Последните две сезони се врати во Големото јаболко, каде што ги бранеше боите на Метс до 1973 година.
Легендата на бејзболот може да се пофали со 22 учества на Ол-стар натпреварите. Само Хенк Арон имаше повеќе од него (25). Во 12 наврати ја освои Златната ракавица, а наградата МВП му беше доделена во 1954 и 1968 година.
Во 1954 година ја освои светската серија, единствена во неговата кариера.
Џајантс го повлекоа неговиот број 24, а истото го направи и Мета, чиј тренерски штаб го презеде по завршувањето на неговата играчка кариера.
Во Куќата на славните во Куперстаун влезе во 1979 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис супериорно до пол-позицијата во Сингапур, Саинц заврши во ѕидот, на Леклер му го избришаа кругот
Ландо Норис ја освои шестата пол-поизицја во кариерата петта оваа сезона. Возачот на Мекларен од првото место ќе ја започне трката за Големата награда на Сингапур. Квалификациите ги обележа катастрофата на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе стартуваат од деветтото и десеттото место.
Норис ја потврди дека Мекларен во моментов го има најдобриот болид. Го искористи фактот што во третата сесија сите имаа псамо по еден обид да постават најбрз круг.
Со време Норис 1:29:525 минути дојде до пол-позицијата. Две десетински зад него беше лидеот во вкупниот пласман, актуелниот шампион Макс Ферстапен.
Вториот ред им припадна на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Петти на стратот ќе биде победникот од Баку, Оскар Пјастри, кој во текот на целиот викенд не можеше да го прати темпото на тимскиот колега Норис.
Следуваат Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Јуки Цунода (РБ) и двоецот на Ферари Леклер и Саинц.
Карлос Саинц, заврши во ѕидот во подготвителниот круг на самиот почеток на последната сесија.
За разлика од Шпанецот, единственото време кое Леклер го постави во последната сесија беше избришано бидејќи излета од патеката во 19 свиок.
Спорт
(Видео) Челси го прегази Вест Хем
Фудбалерите на Челзи победија на гости кај Вест Хем со 3:0 во 5. коло од Премиер лигата.
Натпреварот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон беше игра на мачка и глушец. Фудбалерите на Челси решително влегоа во натпреварот и буквално го прегазија ривалот.
Двоен стрелец за „сините“ денеска во бела опрема беше Николас Џексон. Тој ги постигна првите два гола во четвртата и 18.минута.
Во 47. минута запиша и асистенција за Кол Палмер, кој стави точка на резултатот и на прашањето на победникот.
Спорт
Бањаја го победи Мартин во спринтот на ГН Емилија Ромања
Актуелниот светски првак Франческо Бањаја победи во спринт трката, во пресрет на Големата нграда Емилија Ромања. Перфектниот ден на Дукати го комплетираа Хорхе Мартин, возачот на Прамак и Енеа Бастијанини возачот на фабричкиот тим.
Спринтот не донесе никакви возбудувања. Можат да се издвојат два моменти во кои актер беше лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин.
Шпанецот имаше одличен старт, од втората позиција се катапултираше пред Бидер, Бањаја и Бастијанини. Италијанците од Дукати веднаш си ги вратија своите позиции и од тој момент ја започнаа потерата по лидерот.
Шпанецот направи грешка во седмиот круг и му ја препушти првата позиција на големиот ривал Бањаја.
До крајот немаше промени во поредокот.
Во првите десет спринтот го завршија: Марк Маркез (Гресини Дукати), Педро Акоста (ГасГас КТМ), Бред Биндер (КТМ), Фабио Квартараро (Јамаха), Марко Бецеки (ВР46), Франко Морбидели (Прамак Дукати), Маверик Вињалес (Априлија).
Големата награда Емилија Ромања се вози утре од 13 часот.