Спорт
(Видео) Евро голови го обележаа првото коло на ЕП
На 12 натпревари, одиграни во првото коло на Европското првенство во Германија, беа постигнати 34 голови.
Од тие 34, се издвојуваат четири, кои ќе влезат во конкуренција за најдобра гол на шампионатот.
Најпрво Николо Барела „од колено“ ја нокаутира Албанија за пресврт на Италија (2:1).
Потоа Николае Станчу го најави дебаклот на Украина. Станчу го постигна првиот гол за Романија во победата 3:0.
Посебно инспирирани биле Турците кои се автори на две од овие четири ремек-дела.
Првиот е одличен волеј на Мерт Мулдур, а вториот е „проектилот“ на тинејџерот Арда Гулер за триумф над Грузија (3:1).
4 brilliant goals! Tap below to vote for your favourite? 🗳️👇
🇹🇷 Mert Müldür vs Georgia
🇷🇴 Nicolae Stanciu vs Ukraine
🇮🇹 Nicolò Barella vs Albania
🇹🇷 Arda Güler vs Georgia— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 18, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона во Ваљадолид од „два во еден“

Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со 2:1 во 34-то коло од шпанската Ла Лига.
Ваљадолид го забележа осмиот пораз по ред, а вкупно 19-ти во последните 20 натпревари, а испаѓањето на тимот од Ла Лига беше потврдено претходно.
Барса, од друга страна, освои важни три бода во трката за титулата, па сега има +7 во однос на второпласираниот Реал Мадрид, со натпревар повеќе.
Тимот на Ханси Флик немаше лесна задача против „фенерџијата“, домашниот тим водеше од шестата минута со голот на Санчез.
Долго време ја држеа предноста играчите на Ваљадолид, а Браса шест минути нарави пресврт.
Рафиња израмни во 54-та, а Фермин Лопес погоди за 1:2 во 60-та минута од натпреварот.
Каталонскиот гигант можеше да постигне уште еден гол до крајот на натпреварот, но на крајот беше задоволен од оваа минимална победа.
Во 35-то коло од Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид на 11 мај, но во меѓувреме ги очекува реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер.
Спорт
Ал Ахли се клупски шампиони на Азија

Фудбалерите на Ал Ахли ја освоија титулата клупски шампион на Азија за прв пат во историјата откако го победија Кавасаки во финалето на Лигата на шампионите на домашен терен со резултат од 2:0.
Ал Ахли го реши прашањето за победникот во првото полувреме. Стрелци поранешните играчи на Порто и Милан и Барселона, Галено во 35-та и Франк Кеси во 42-тата минута.
Клубот од Џеда играше во финалето на Азиската Лига на шампиони во 1986 и 2012 година, кога не успеа да го освои трофејот.
Ал Ахли беше домаќин на Фајнал Ејт, последниот турнир од Азиската Лига на шампиони за сезоната 2024/25.
Спорт
Ферстапен прв ќе стартува во Мајами

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мајами.
Четирикратниот светски шампион ќе ја започне трката во недела прв откако ја освои пол-позицијата со време од 1:26.204, 65 илјадитинки побрзо од Ландо Норис во Мекларен. Кими Антонели во Мерцедес заврши трет со време за две илјадитинки побавно од Норис.
Траката од третиот ред ќе ја запонат Џорџ Расел и Карлос Саинц. Одличната форма на Вилијамс ја потврди Алекс Алобон кој заврши на седмото место. Во топ 10 завршија Шарл Леклер, Естебан Окон и Јуки Цунода.
Возачите често правеа грешки во 17-та кривина, впечатокот е дека тука најмногу грешеа. Ландо Норис и Шарл Леклерк.
По неговото прво појавување на патеката во третиот дел од квалификациите, Ферстапен имаше предност од три илјадитинки во однос на Норис. На крајот, сепак, второто излегување на патеката одлучи
Луис Хамилтон имаше неочекувано лош резултат во продолжението од квалификациите. Британецот ја заврши трката со спринт на третото место само неколку часа претходно, а потоа беше елиминиран во втората квалификациска сесија, заврши на 12-то место. И тој згреши во фамозната кривината 17.