Свет
Во Франција малолетници групно силувале девојче, се сомнева дека мотивот бил религиозен
Двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години се обвинети за силување, а третиот е осомничен за помагање и поттикнување силување 12-годишно девојче во париското предградие Курбевоа.
Како што пренесува „Паризиен“, истрагата е отворена во саботата, на 15 јуни, по пријавата на девојчето. Според полициски извор, на кој се повикува парискиот весник, малолетничката објаснила дека ѝ пришле три момчиња и ја одвлекле во напуштен хангар во близина на нејзиниот дом. Осомничените „ја принудувале на анална и вагинална пенетрација, орален секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол истиот извор за францускиот весник.
Потоа жртвата поднела пријава во придружба на нејзините родители. Според „Паризиен“, едно од трите момчиња им кажало на истражителите дека дејствувал од одмазда бидејќи жртвата од него ја криела својата еврејска вера. Друг малолетник наводно признал дека ја нападнал поради нејзините коментари за Палестина.
Тројца малолетници беа уапсени во понеделникот на 17 јуни. Двајца од нив се обвинети за силување, а третиот е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето. На најмладиот осомничен, 12-годишен, изречена му е привремена воспитна мерка, а на другите двајца им е одредена мерка притвор, посочуваат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

