Спорт
Чачо ја заврши кариерата

Серхио Родригез, во светот на кошарката позната како Чачо по освојувањето на шпанското првенство, одлучи да стави крај на кариерата.
Чачо е трикратен шампион на Евролигата (2015, 2019, 2023), МВП на елитното европско натпреварување во 2014 година, четирикратен шампион на шпанската лига (2013, 2015, 2016, 2024 година).
Кариерата ја започна во Естудијантес во 2003 година и таму остана до 2006 година. Откако истата година го освои Светското првенство со Шпанија, замина во НБА. Беше 27. пик на драфтот на Феникс Санс, играше за Портланд Трејл Блејзерс, Сакраменто Кингс и Њујорк Никс. Шест години беше во НБА, а потоа се врати во Европа, потпиша договор со Реал Мадрид.
Во годините што следеа, тој му помогна на Реал да дојде до четири фајналфор и три финалиња во Евролигата, вклучувајќи ја и титулата во 2015 година. По уште една сезона во САД помината во Филаделфија, тој се пресели во ЦСКА Москва, каде ја освои втората титула во Евролигата.
Од Москва замина во Олимпија Милано, стана шампион на Италија во 2022 година, а потоа реши да се врати во Реал.
Лани стана европски првак со Реал, а оваа сеозна го загуби финалето од Панатинаикос, но ги освои трите домашни трофеи (АЦБ лига, Куп, Суперкуп).
Вкупно 17 клупски трофеи ја покажуваат играчката величина на Родригез, а уште седум медали во националниот тим се причината поради која тој во кариерата се најде меѓу легендите. Со селекцијата на Шпанија освои два олимписки медали (сребро во Лондон 2012 година и бронза во Рио 2016 година). Веќе споменатото злато во 2006 година во Јапонија и четири европски медали (злато во 2015 година, сребро во 2007 година, бронза во 2013 и 2015 година).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бонифејс дојде во Милан ги заврши лекарските прегледи и се врати во Леверкузен

Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс барем засега нема да потпише за Милан.
Иако се чинеше дека сè е завршено откако Милан и Баер Леверкузен се договорија за обештетување, а играчот ги доби посакуваните финансиски услови од италијанскиот клуб, росонерите ќе размислат дали а го птопишат напаѓачот.
За време на лекарските прегледи во Миланело, биле забележани неколку неправилности кај Виктор Бонифејс, што го исплаши медицинскиот тим, Масимилијано Алегри и остатокот од спортскиот сектор, па тие решија да го стопираат трансферот.
Бонифејс се врати во Леверкузен каде ќе чека на конечната одлука на Милан. Тие ја разгледуваат ситуацијата. Постои можност сепак да го потпишат, но сега шансите се намалени.
Миланезите ја следат ситуацијата околу напаѓачот на Спортинг Конрад Хардер, кој е наведен како алтернатива.
Спорт
Донарума се договорил со Манчестер сити

Трансфер „бомбата“ што ќе одекне на крајот од преодниот рок ќе биде трансферот на Џанлуиџи Донарума во Манчестер сити. Играчот веќе ги договорил личните услови, двата клуба сè уште треба да се договорат. Во моментот кога Пари Сен Жермен го отпиша италијанскиот голман, беше сосема сигурно дека Донарума ќе се пресели на „Етихад“.
Поранешниот голман на Милан веќе ги договорил личните услови, а останува двата клуба да се договорат за обештетувањето. Пари Сен Жермен сака најмалку 50 милиони евра.
Донарума беше еден од најважните фактори во походот кон титулата во Лигата на шампионите.
Во меѓувреме, Донарума одби да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето, откако клубот не сакаше да ги прифати неговите услови.
Пари Сен Жермен практично го отпиша Донарума и двете страни притискаат за трансфер во овој преоден рок.
Пеп Гвардиола одлучи да не ја пропушти оваа можност, иако веќе има тројца голмани во својот состав. Тоа се Едерсон, Ортега и новодојдениот Џејмс Трафорд. Токму тој е стартер на голот на почетокот на сезоната, и не е тајна дека се Сити работи на заминувањата на Едерсон и Ортега.
Спорт
(Видео) Кремонезе го победи Милан

Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 2:1 го победи Милан. Во истиот термин Рома со минимален резултат ја победи Болоња.
Повратникот во Серија А, Кремонезе му го расипа дебито на Лука Модриќ во Серија А, прв пат во историјата успеа да го победи Милан на „Сан Сиро“.
Во 28-та минута, стоперот Федерико Баскирото им донесе предност на гостите со удар со глава, а во првата минута од судиското продолжение, Милан израмни на ист начин. Стрелец беше српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ.
Федерико Бонацоли беше најзаслужен за големото славје на тимот од Кремона, во 61-та минута постигна сепктакуларен гол.
Милан во следната рунда ќе игра против на гости против Лече, додека Кремонезе ќе го пречека Сасуоло.
Во дербито на колото, Рома на дебито на новиот тренер Џанпјеро Гасперини ја победи Болоња.
Единствениот гол на натпреварот во 53-тат минута го постигна десниот бек Весли, Бразилец кој пристигна во италијанската престолнина пред помалку од еден месец од Фламенго.
Во втората рунда, Рома ќе гостува во Пиза, додека тимот од „Ренато Далара“ Комо.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI