Спорт
(Видео) Лудница во Хамбург – Албанија во 95.минута ја шокира Хрватска
Хрватска и Албанија одиграа без победник 2:2 (0:1) во првиот натпревар од второто коло на Европското првенство. Драмата во Хамбург епилог доби во 95.минута кога Ѓасула постигна гол за 2:2.
Албанија првиот дел го заврши со предност, со голот на Лачи во 11.минута. Хрватската одбрана лошо реагираше, а впечаток е дека и Ливаковиќ можеше подобро да реагира. До крајот на полувремето Албанците имаа уште две добри шанси да о зголемат водството, не не ги реализираа.
Во вториот дел Хрватска ја контролираше играта, константно притискаше и успеа во 120 секунди да ги шокира Албанците. Крамариќ изедначи во 74., а Ѓасула во 76.минута постигна авто-гол.
Албанците и покрај начинот на кој што ја загубија предноста не се предаваа, влегувањето на Хоџа и Доку го смени случувањата на теренот.
Токму по акцијата на Хоџа, инаку фудбалер на Динамо Загреб, Ѓасула во 95.минута го постави конечниот резултат.
Во последното коло двете репрезентации ќе влезат со по еден бод. Во последната рунда Хрватска ќе игра против Италија, а Албанија против Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Швајцарија во четвртфинале
Актуелниот европски шампион си оди дома!
Избраниците на Мурат Јакин ја презедоа иницијативата и поседот од самиот старт, создавајќи опасни напади.
Доколку Емболо беше поконцентриран и не беше одвлечен од изненадувачки отворената шанса за која се сомневаше дека е офсајд, швајцарецот можеше да поведе во 24. минута.
Шансата во шеснаесетникот на Италија беше создадена во 37. минута, а Ремо Фројлер ја искористи и го матираше Донарума по додавањето на Рубен Варгас од левата страна.
Донарума уште еднаш беше на врвот на задачата во првата минута од судиското надополнување, откако Ридер се обиде да го изненади со директен слободен удар од позицијата од која се испраќаат најмногу нафрлувања.
Второто полувреме продолжи во ист стил.
За тоа се погрижи Рубен Варгас со убав гол во првиот напад од вториот дел.
Италијанците најблиску до намалување дојдоа во 74. минута, кога Скамака од еден метар ја погоди стативата.
Ова е едно од најслабите изданија на Италијанската репрезентација.
Спорт
(ВИДЕО) Нов светски рекорд
Aтлетичарoт Кишан Томпсон го постигна најдобриот светски резултат сезонава, бидејќи во Кингстон истрча 100 метри за 9,77 секунди.
22-годишниот Томпсон победи на националниот натпревар за Олимпијадата. Јамајканецот стана деветтиот најбрз спортист во историјата. Како професионалец се натпреварува од минатата година.
“Тренерот ми наложи да трчам само на првите 60 метри. Целта не беше ништо да докажувам вечерва, трчав и видете каде сум”, изјави Томпсон по трката.
Облик Севиљ беше втор со 9,82, а трет Аким Блејк со 9,92 секунди. Светскиот рекорд на 100 метри го држи Усеин Болт, кој во 2009 година во Берлин истрча 9,58 секунди.
Шерика Џексон победи во женска конкуренција со 10,84 секунди пред Тиа Клејтон и двократната олимписка шампионка Шели-Ен Фрејзер-Прајс.
The fastest time in the world in two years 🔥
Kishane Thompson qualified for the Olympics in style after winning the 100m in the Jamaican trials with an incredible 9.77 (0.9) 🇯🇲
Watch out for the 22-year-old in the 100m in Paris 🇫🇷pic.twitter.com/vYTdqqLMMp
— AW (@AthleticsWeekly) June 29, 2024
Спорт
Ферстапен повторно прв
Холандскиот Формула 1 возач Макс Ферстапен победи на спринт трката за големата награда на Австрија.
Актуелниот светски шампион победи во Спилберг пред возачот на Мекларен Оскар Пјастри и неговиот колега Ландо Норис.
Четврти беше Џорџ Расел во Мерцедес, петти Карлос Саинц од Ферари. Бодови освоија и Луис Хамилтон (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари) и Серхио Перез (Ред Бул).
Ферстапен е прв во генералниот поредок со 227 бодови, втор е Норис со 156.
Големата награда на Австрија ќе се вози в недела од 15 часот.