Македонија
Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето на името

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, во врска со употребата на името Македонија.
„Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција кога ќе се сретнеме на НАТО-самитот“, рече грчкиот премиер.
Тој додаде и дека договорот од Преспа обезбедил едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, и го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го иницира на НАТО-самтитот во првата половина на јули.
„Секако, ќе го иницирам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми не само во нејзините билатерални односи со Грција туку и во односите со НАТО и Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка“, рече Мицотакис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваat дека утре ( среда ) поради дефект на приклучна цевка на бул. Партизански Одреди бр. 59а, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. 8 – ми Септември до Франклин Рузвелт. ( општина Карпош )
Македонија
Од утре промена на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање на ЈП Градски паркинг- Скопје

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје соопшти дека од 1.10.2024 (среда) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
– Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“.
Македонија
Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура.
– Клиниката за уво, нос и грло е зајакната со нови електрохируршки инструменти, односно електрокаутери, со коишто се овозможува попрецизна, поефикасна и побезбедна дисекција на ткива и придонесува кон побрзо закрепнување кај пациентите. Ова е значајно за клиниката имајќи предвид дека тука се вршат над 2000 интервенции на годишно ниво. Нашата заложба е унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита, а особено на терциерното ниво каде се третираат најкомплексните случаи, рече Алиу.
Директорот на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, Игор Камшикоски упати благодарност до Турската агенција за соработка и координација ТИКА за значајната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем.