Црна хроника
„Хјундаи“ и „пежо“ се судрија на патот Тетово – Волковија, тешко повреден маж
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Screenshot_18.jpg)
Вчера во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Волковија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 67-годишниот Џ.Х. од село Вејце, тетовско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот И.Р. од Тетово, кои потоа удриле во две паркирани патнички возила „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со тетовски регистарски ознаким извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Х. констатирани во Клиничка болница Тетово, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Топ
Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“, со турски национални ознаки, управуван од М. А. (68) од Турција, и мотоцикл „сузуки“, без регистарски таблички, управуван од П. Т. (23) од битолското село Горно Оризари.
Од добиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.
Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/ohrid-ezero.jpg)
Двајца скопјани се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена дрога.
„На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана“, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани: пронајдена дрога, приведен дилер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/privedeni-960x641.jpg)
26-годишен кочанчанец е приведен откако по претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.
„На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари“, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.