Спорт
Трејд на релација Чикаго-Оклахома, Карусо за Гиди
Чикаго Булс и Оклахома Тандер договорија трејд во кој Џош Гиди се сели во Чикаго, а во спротивна насока ќе замине Алекс Карузо.
Карузо ќе биде додаток на веќе силната надворешна линија на Оклахома, тој беше желба на генералниот менаџер на франшизата Сем Прести, бидејќи со своето искуство може да придонесе Тандер да делува уште посериозно, во обид да се нападне првата позиција во Западната конференција. Минатата сезона Тандер завршија на второто место, а во плеј офвот беа елиминирани во конференциското полуфинале од Далас Маверикс.
Гиди, имаше одлична сезона во Оклахома се сели во тим каде што ќе добие уште повеќе простор да го покаже својот потенцијал, што значи дека тој ќе биде главната опција во нападот.
Булси го гледаат како совршена замена за повредениот Лонзо Бол, Се уште не е познато кога Бол би можел да се врати на терените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија во дербито – Гостивар ја презеде челната позиција на табелата
Фото, видео/ facebook.com/KFGGostivari
Гостивар ја победи Шкендија во дербито на 7.коло со 3:1. Со овој триумф екипата од Гостивар ја презеде челната пизиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Гостивар и Работнички се уште се без пораз од почетокот на сеозната. Работнички во оваа рунда одигра без голови против Пелистер во Битола.
Ајдоган во 22.минута го постигна првиот гол за Гостивар, а предноста ја зголеми Симововски по две минути игра во второто полувреме. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Ибрами го намали резултатото во 87.минута. Пет минути подоцна Алдаир од пенал стави тоќка на натпреварот.
Резултати, ПМФЛ 7.коло:
Пелистер-Работнички 0:0
АП Брера-Тиквеш 0:0
Шкупи-Беса 1:1
Воска спорт-Струга ТЛ 1:1
Гостивар-Шкендија 3:1
Табела:
Спорт
„Нема шанса Осимен да си замине во јануари“
Потпретседателот на Галатасарај, Ибрахим Хатипоглу изјави дека Виктор Осимен нема да го напушти клубот во јануари, по шпекулациите дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Јувентус. Осимен дојде во Галатасарај на позајмица од Наполи.
Галатасарај оваа сезона на Осимен ќе му плати шест милиони евра, а откупната клаузула во неговиот договор е намалена од 130 на 75 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Нигерискиот фудбалер го продолжи договорот со Наполи на уште една година пред да се пресели во Галатасарај.
„Нема шанси Осимен да замине во јануари. Всушност, планираме Осимен да игра за нас и следната сезона“, изјави Хатипоглу за турските медиуми.
Италијанските медиуми објавија дека Јувентус е меѓу италијанските клубови заинтересирани за Осимен.
Веб-страницата „Калчомеркато“ наведе дека директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли има добри односи со менаџерот на нигерискиот фудбалер Роберт Календа, па 25-годишниот напаѓач може да биде опција за Јувентус на крајот од сезоната, особено ако Душан Влаховиќ не се истакне до крајот на сезоната.
Спорт
Црвена звезда против Интер без најдобриот играч
Лоша вест за Црвена звезда два дена по големата победа над вечниот ривал Партизан (4:0). Две до три недели, црвено-белите ќе бидат без најдобриот играч, Мирко Иваниќ.
Иваниќ нема да биде во тимот за натпреварот прптив Интер во Милано, во Лигата на шампионите. Иваниќ се повреди проив Партизан, теренот го напушти во 70.минута.
Клубот соопшти дека тој би требало да се врати по репрезентаивната пауза, односно да биде во тимот на 18.октомомври кога Црвена звезда ќе го пречека раднички од Ниш.