Топ
Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје.
Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без знаци на живот.
Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници.
Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи.
За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување.
„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните“, велат од Агенцијата.
Ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].
Свет
(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако беше киднапиран од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година.
Во видеото младиот човек се претставува како Едан Александар и наведува дека во Газа е 551 ден. Се чуди зошто се уште е таму и моли да го ослободат.
Монтираното видео е објавено пред еврејскиот празник Пасха, кој ја слави слободата. Семејството на Александар објави соопштение во кое вели дека празникот нема да биде празник се додека Едан и другите 58 заложници останат во заробеништво во Газа.
pic.twitter.com/g12xjtYbkf
Hamas Releases Video Showing Israeli-American Hostage Edan Alexander alive, a soldier in an elite infantry unit on the Gaza border when he was abducted by Hamas during their October 7 attack on Israel.The Alexander family said: “Our Edan is still being…
— Nizam Tellawi (@nizamtellawi) April 13, 2025
За време на војната, Хамас веќе објави видео снимки од заложници кои молат за нивно ослободување. Израелските власти претходно ја отфрлија снимката како пропаганда наменета за притисок врз нивната влада. Војната трае веќе година и пол.
Хамас ослободи 38 заложници според договорот за прекин на огнот што започна на 19 јануари. Во март, израелската влада ги продолжи копнените и воздушните напади врз Газа, ставајќи крај на кревкото примирје.
Израелските власти велат дека воената кампања ќе продолжи се додека не се ослободат 59-те заложници и додека Газа не се демилитаризира. Хамас инсистира дека ќе ги ослободи заложниците само како дел од договорот за завршување на војната и ги отфрли барањата да го остави оружјето.
САД, Катар и Египет посредуваат меѓу Хамас и Израел.
Војната започна кога милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе, според израелските власти. Одмаздата на Израел уби повеќе од 50.000 Палестинци во Газа, според здравствените власти на енклавата. Речиси целото население беше раселено, а Газа беше уништена.
Македонија
(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека два часа се „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна.
На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, сега има залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите.
Но, граѓаните кои се таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.
Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.
Како што ни рекоа сведоци, по некое време рампите биле кренати и сега возилата излегуваат бесплатно. Тоа, сепак, ќе потрае со оглед на тоа што има голем број возила внатре на паркингот, а надвор има семафор.
Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.
Лани во февруари поскапе паркирањето во ГТЦ и наместо 50, чини 70 денари.