Македонија
(Видео) Николоски: Како Министер за транспорт и вицепремиер ќе дадам сѐ од себе да се почувствува разликата

Поминавме многу заедно. Победивме власт која долго ја девастираше Македонија потопувајќи ја во криминал и во корупција. Вие ми ја дадовте огромната доверба, и за мене како човек значи многу. Ова го истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог Заменик Претседател на Владата и министер за транспорт и врски.
„Јас сум дел од ВМРО ДПМНЕ долги години, од честа до бидам лидер на Унијата на млади сили, до тоа да сум пратеник или сега потпретседател на партијата, но жарта да направиме нешто повеќе за сите граѓани е подеднаква и би рекол најголема досега.
Како министер за транапорт и врски и како заменик претседател на Владата можам да кажам дека ќе дадам се од себе да се почувствува разликата. Да реализираме значајни инфраструктурни проекти.
Нови автопатишта, пруги, брзи железници, нови експресни патишта и многу други работи.
Како и да ги завршиме веќе започнатите, автопатот Охрид Кичево, експресниот пат Велес Градско и останатите кои чекаат на реализација.
Најдоброто допрва доаѓа. Нема време за чекање. Премногу време нашите граѓани изгубија и премногу дадоа за Македонија.
Време е Македонија да даде за нив. Ќе работиме фуриозно би рекол јас сум воркохолик и сум убден дека ќе работиме сите заедно во служба на граѓаните.
Ветувам. Македонија за тебе, за сите вас. Почнуваме“, порача Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.