Македонија
Прекин на вода од Студенчица, опфатени се населените места
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
Прекин на вода во населените места, кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица, поради дефект на територијата на општина Прилеп.
Населените места Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино ќе имаат прекин на вода поради дефект на територија на која Студенчица обезбедува вода. Дефектот се наоѓа во Прилеп, но водоснабдувањето за крушевските села ќе биде целосно запрено, односно за целосната територија што ја покрива водоснабдителниот систем.
„Утрово, добивме известување од Студенчица дека ќе работат на дефект во општина Прилеп и водата ќе биде во прекин сѐ до надминување на проблемот“, велат од ЈП „Комуна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/tabanovce-900x600-1.jpg)
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ.
Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.
Од АМСМ нагласуваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kurs.jpg)
На извесна страница на Фејсбук Family service е злоупотребено името на Владата на Македонија дека наводно нуди бесплатни часови по англиски јазик. Станува збор за измама, какви што деновиве кружат по Фејсбук.
На огласот на кој има грб, на лош македонски јазик пишува дека „Владата на Северна Македонија нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за лица од 18 до 65 години“, почнувајќи од јуни 2024 година. Во огласот се наведува дека Владата ќе им додели бесплатен таблет и сертификат во рок од 4 недели.
Некои граѓани поверувале дека огласот е вистински, што се гледа од коментарите под постот. „Почнаа со популистички мерки“, „Нема каде да се аплицира“, се дел од коментарите на граѓаните.
Погледнете како изгледа лажниот оглас и најважно, не го отворајте!
Македонија
Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/helikopter-lllllll.jpg)
Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.
Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.
Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко..
Полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.
На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.