Спорт
По Начо, и Хоселу се сели во Саудиска Арабија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/4aaa30d0-0d7f-11ef-bfe5-e023dac8347c.jpg)
Еден од хероите на Реал во походот на 15. титулата во Лигата на шампионите, Хоселу, во летниот преоден рок ќе го напушти клубот.
Искусниот напаѓач, процени дека со доаѓањето на Килијан Мбапе, конкуренцијата во нападот ќе биде толку силна поради што неговата минутажа ќе биде дополнително намалена.
Хоселу, ќе тргне по стапките на соиграчот Начо и ќе се пресели во Саудиска Арабија, пишуваат шпанските медиуми.
Неговиот следен клуб се уште не е познат, но јасно е дека следната сезона нема да го носи дресот на Реал Мадрид.
Хоселу во кариерата бил играч на Селта, Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Њукасл, Алавес и Еспањол. Тој е дел од шпанската репрезентација на ЕП во Германија. За националниот тим има одиграно 11 натпревари, постигнал пет гола. Поранешниот романски фудбалер Данут Лупу тврди дека е договорен конечниот резултат на натпреварот против Словачка во третото коло на Европското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Зверев убеден дека може да го освои Вимблдон
Александар Зверев, финалистот на Ролан Гарос е убеден дека може да го освои Вимблдон.
Четвртиот носител на турнирот во Лондон на терените во југозападен Лондон дојде полн со оптимизам.
Иако никогаш не стигна ниту до четвртфиналето во Лондон (два пати во осминафиналето), Зверев смета дека го има она што е потребно за да го освои славниот трофеј.
“Се чувствувам добро, последните неколку турнири беа многу позитивни, особено со таа титула во Рим. Се разбира, поразот во финалето на Ролан Гарос беше разочарување, иако имав добар турнир во целина. Се надевам дека ќе можам да го повторам истото и на Вимблдон “, вели Зверев.
Спорт
Суспрендиран легендарниот тренер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/martseloo.jpg)
Легендарниот Аргентинец Марсело Биелса е суспендиран и нема да може да ја предводи репрезентацијата во последното коло од групната фаза на Копа Америка во кое Уругвај игра против домаќинот на турнирот САД.
Причината е што уругвајскиот тим доцнеше на теренот вкупно 90 секунди на претходните два натпревари.
Поради ова невнимание, Биелса сега ќе мора да му го препушти раководството на тимот на еден натпревар на помошникот Пабло Кирога.
Во првите два натпревари Уругвај победи со 3:1 против Панама и 5:0 против Боливија.
Натпреварот против САД ќе го реши победникот во групата.
Биелса со прекар Ел Локо е на чело на Уругвај веќе една година.
Тој е еден од највлијателните тренери и фудбалски мислители на модерната ера. Неговите принципи на напаѓачки фудбал ориентиран со високо темпо и пресинг беа усвоени од многу други тренери и го наведоа него како свој пример.
Спорт
Прво засилување за новиот тренер на Јувентус
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/brazil.jpg)
Бразилскиот играч Даглас Луиз (26) ја напушти Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, објави италијанскиот фудбалски гигант.
Луиз потпиша петгодишен договор за „Старата дама“, вреден 50 милиони евра. Бразилецот кариерата ја започна во Васко де Гама, а во 2017 година се пресели во Манчестер Сити, кој го испрати на двегодишна позајмица во Џирона.
За Астон Вила во 2019 година. „За време на неговиот престој во Бирмингем, Даглас Луиз стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, постигнувајќи 22 гола и давајќи 24 асистенции во неговите 204 натпревари“, соопшти фудбалскиот клуб Јувентус.
Даглас Луиз, кој моментално е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка, е првото засилување на новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота кој го наследи Масимилијано Алегри.