Свет
Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден.
Високиот суд во Лондон му одреди кауција, а во текот на попладнето беше пуштен на аеродромот „Стенстед“, каде што се качи во авион и полета од Велика Британија.
„Викиликс“ го објави првото видео на Асанж по излегувањето од затвор.
„По повеќе од пет години вo ќелија oд 2 на 3 метри, изолиран 23 часа дневно, тој набргу повторно ќе се соедини со сопругата Стела и децата, кои го познаваат само нивниот татко зад решетки“, објави „Викиликс“ на „Икс“.
Julian Assange boards flight at London Stansted Airport at 5PM (BST) Monday June 24th. This is for everyone who worked for his freedom: thank you.#FreedJulianAssange pic.twitter.com/Pqp5pBAhSQ
— WikiLeaks (@wikileaks) June 25, 2024
Асанж се согласи да се изјасни за виновен по една точка од обвинението за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на САД, според поднесоците во Окружниот суд на САД на Маријанските Острови, американска територија во Тихиот Океан.
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, оваа недела треба да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа во договор што ќе му стави крај на неговото затворање во Британија и ќе му овозможи да се врати дома во Австралија.
За сѐ проговори и мајката на Асанж. Таа рече дека е благодарна што го видела крајот на судењето на својот син.
„Благодарна сум што на страдањата на мојот син, конечно, им се ближи крајот. Ова ги покажува важноста и моќта на тивката дипломатија“, рече Кристин Асанж, пренесува „Скај њуз“.
Инаку, Асанж помина седум години во самоизолација во амбасадата на Еквадор во Лондон пред да биде задржан во затвор со високо обезбедување во Лондон уште пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пукањето во Белград на само 300 метри од куќата на Мирослав Илиќ, пејачот се огласи: „Боже господе, што се случува“

Во пукањето во Вишњичка бања се повредени пет лица, меѓу нив и една жена за чијшто живот се борат лекарите.
Според неофицијални информации, на пукањето му претходела тепачка, а сè се случило на нешто повеќе од 300 метри од куќата на познатиот пејач на народна музика, Мирослав Илиќ, пишува „Блиц“.
Илиќ по повод настанот се огласи за домашните медиуми.
„Живеам во мирна улица, во мирен крај. Чувај Боже што се случува. Не сум гледал вести и не сакам да знам“, изјави Мирослав за Телеграф.
Иако првичните информации укажуваа дека една жена починала, докторите во Ургентниот центар успеале да ја оживеат.
Неофицијално, повеќе вооружени лица излегле од бело комбе и почнале да пукаат. Овие информации засега не се официјално потврдени, а во тек е полициска потера по напаѓачите.
Очевидци опишале дека од белото комбе излегле неколку лица и почнале да пукаат насекаде.
Регион
(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.
Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.
Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.
Свет
(Видео) Ураган ја потопи Ибица

Ураганот „Габриел“, кој со денови пустоши над Атлантикот, денеска ја погоди Ибица и Форментера, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.
Видео-снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобили, мотори и контејнери како ги носи надојдената вода, а улиците се претворени во реки од кал и дожд.
Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 (30.09.2025) pic.twitter.com/4gM7xFwDVW
— Disaster News (@Top_Disaster) September 30, 2025
Туристи биле принудени да се симнат од брод во вода до колена.
Jeeze! Passengers step off the sea ferry in Ibiza directly into floodwaters 😳
Bizarre!pic.twitter.com/eH7tE9TLnk
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Пожарникарите на Ибица интервенирале на повеќе од 20 повици само утринава. Затворени се неколку патишта, меѓу нив и пристапот до аеродромот. Во близина на аеродромот за неколку часа наврнале 74 милиметри дожд, а има и прекини во снабдувањето со струја.
👀 This is on the Spanish Island of Ibiza before the mobile phone warning was sent out. There is a RED warning in place = Danger to life.
📹 @BailoAndrespic.twitter.com/BdXDlvFZF0
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Силното невреме предизвика проблеми и на Мајорка, каде што северниот дел на планинскиот венец Трамунтана бил најтешко погоден, како и во регионот Валенсија и Мурсија.