Спорт
Кабокло нема намера да се враќа во Партизан
Менаџерот на бразилскиот кошаркар Бруно Каболко поднел барање за раскин на договорот до Партизан. Дениел Хазан изјавил дека неговиот клиент нема намера да се врати во Партизан.
Бразилскито репрезентативец Бруно Кабокло го шокираше Партизан кога плејофот во српското првенство го напушти Белград. Менаџерот тврди дека имал клаузула во договорот според која клубот е обврзан да го пушти на подготовките на националниот тим. Од Партизан тогаш тврдеа дека Бразилецот самоволно си заминал.
„Клубот доцни со две плати. Според договорот клубот може да должи најмногу 30 дена со исплатата, а ние сме обврзани испратиме барање во рок од седум дена (од пречекорување на доцнењето) со барање платата да биде исплатена. Тоа и го направивме“, изјавил менаџерот за „Меридиан спорт“, потврдувајќи дека Бразилецот завршил со Партизан.
„Веќе ја донесовме нашата одлука, Бруно нема да игра во Партизан“, изјави Хазан и дополни.
„Знаете дека Бруно го напушти Партизан за да се приклучи на бразилската репрезентација. Мораше да ги направи сите тестови пред почетокот на подготовките, имавме клаузула во договорот според која клубот е должен да му го дозволи тоа”.
Кабокло пристигна во Партизан во текот на претходната сезона, кога на контроверзен начин ја напушти Венеција, имаше просек од 9,4 поени со 4 скока по натпревар во Евролигата и 9,6 поени со 3,8 скока во АБА лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лудница во дерби „Мадрилењо“ – Кореа во 95.минута не дозволи Реал да слави над Атлетико
Фудбалерите на Атлетико и Реал одиграа 1:1 во градското дерби во во осмото коло од шпанската Ла Лига.
Ниту еден од тимовите не го искористи на најдобар можен начин вчерашниот пораз на Барселона од Осасуна.
Актуелниот шампион сега е на втората позиција со 18 бодови, три помалку од Барса, додека Атлетико е трет со 16 бодови на своето конто.
Вечерва во „мадрилењо“ имаше бууквално се. Натпреварот се играше во високо темпо, Реал беше за нијанса поконкретен, но играчите на Карло Анчелоти сите добри шанси ги имаа кога шутираа надвор од шеснаесетникот. Атлетико добра шанса имаше во раната фаза од натпреварот, кога ударот на Алварез го одбрани Куртоа, а потоа во последните десетна минути домаќинот креираше неколку опасни акции.
Дербито за малку ќе го решеше Едер Милитао во 64. минута, со гол кој пристигна по акција од сомнително досуден слободен удар. Пет минути по постигнатиот гол судијата ги испрати играчите во соблекувалната.
Домашните навивачи паднаа на малата провокација од голмаот Куртоа (во кариерата има одиграно 111 натпревари за Атлетико). Тие фрлаа со запалки кон голманот на Реал.
Madrid derby suspended because Atletico Madrid fans were throwing objects at Courtoispic.twitter.com/BK0fhUQwif
— Total Football (@TotalFootbol) September 29, 2024
Делириум на „Сивитас Метрополитано“ предизвика голот на Анхел Кореа во 95.минута. Голот најпрвин беше поништен, но од ВАР собата потврдија дека Аргентинецот не бил во офсајд.
Кореа како и Милитао го постигна својот прв гол во градските пресметки. Интересно, ова е негов 55. гол во дресот на Атлетико, а кога тој бил стрелец „јорганџиите“ никога не загубиле натпревар.
На крајот во последниот напад на Реал црвен картон доби Маркос Љоренте поради грб старт врз Фран Гарсија.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид
Новак Ѓоковиќ одигра рекреативен меч на Кинескиот ѕид. Ѓоковиќ пристигна во Кина каде од следната недела ќе игра на Мастерсот во Шангај.
Локалните медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ бил дел од настапот на Кинескиот ѕид како дел од промоцијата на брендот „Лакост“, чиј заштитно лице е. Во текот на денот Ѓоковиќ им се обрати на навивачите во Кина.
Nole playing tennis on the Great Wall of China 😍pic.twitter.com/Ttf9cF44IN
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) September 29, 2024
„По пет години сум во Кина, ми недостигавте. Многу, многу ми е жал што не се видовме на аеродром, ме однесоа на спореден излез, но се надевам дека ќе видам многу од вас или во Пекинг или во Шангај. Многу сум возбуден што сум овде во Кина, пред се поради вас кои ми пруживте неверојатна љубов сите овие години“, изјави Ѓоковиќ.
Мастерсот во Шангај ќе се игра од 2 до 13 октомври.
yibo couldn’t stop smiling when novak djokovic said that his match with him is the most unforgettable and he kept praising him 🥹🥹🫶🏻 pic.twitter.com/7nTmSH7NUA
— rach (@ybaizhan) September 29, 2024
Спорт
(Видео) Тотенхем убедлив против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“
Тотенехем убедливо го победи Манчестер јунајтед со 3:0 во претпоследниот натпревар од шестото коло во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“, Тотенхем славеше со головите на Џонсон во првото и Кулушевски и Соланке во второто полувреме. Манчестер јунајтед од 42.минута играше со фудбалер помалку, директен црвен картон поради старт врз Медисон доби капитенот Бруно Фернандеш. Тотенхем по шест кола има десет, а Јунајтед седум бода.