Македонија
Силјановска-Давкова го прими косовскиот амбасадор Ќехаја: изразено очекување дека позитивниот тренд во економските односи ќе продолжи и во иднина

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја.
На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.
Силјановска-Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово како наш значаен трговски партнер ќе продолжи и во иднина.
Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, Силјановска-Давкова изрази поддршка на косовските евро-атлантски аспирации и учеството во разни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување искуства во сите области во кои располагаме со соодветна експертиза.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул.Мечкин Камен и ул.Дубровничка.(Општина Ѓорче Петров).
· Oд 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село .(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претпладне облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Времето денеска, претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.