Спорт
Данска заврши пред Словенија поради гол постигнат пред седум месеци
Англија и Словенија ремизираа без голови, исто како и Србија и Данска во последното коло од групата Ц на Европското првенство. Со таков расплет Англија ја заврши групата на првото место со пет бода. Србија е елиминирана со два бода, а Словенија и Данска ја завршија групата со идентичен број бодови, гол разлика и нерешерезултат (1:1) во меѓусебниот дуел.
Следниот криериум се картоните. Но и тој критериум не направи разлика бидејќи Словенија и Данска во групата има по шест жолти картони. На крајот мораше да се примени критериумот за позиција во квалификациите и поради ова Данците ја завршија групата како втори, а Словенците како трети.
Неверојатно е што овие две репрезентации играа во иста група и освоија ист број на бодови, поточно 22, сепак, Данците имаа подобар меѓусебен скор.
Во јуни минатата година во Словенија беше 1:1, додека во ноември Данска славеше на домашен терен со 2:1. Така завршија Данците пред Словенците поради голот што го постигнаа пред седум месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Расинг прв пат во историјата е шампион на Копа Судамерикана
Аргентинскиот клуб Расинг е шампион на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) за 2024 година. Оваа екипа ја освои првата титула во ова натпреварување со победата над Крузеиро во финалето одиграно во парагвајската престолнина Асунсион со 3:1.
Расинг подобро го отвори натпреварот. Веќе во седмата минута Гастон Мартирена му донесе водство на Расинг, но тој гол беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Осум минути подоцна, Мартирена повторно ја погоди мрежата, овојпат голот беше регуларен и Расинг поведе.
Веќе во 20. минута беше 2:0 за Расинг по голот на Адријан Мартинез.
Напаѓачот на аргентинскиот клуб ја затресе мрежата по нафрлената топка која му ја испрати Максимилијано Салас.
Оттогаш Крузеиро повеќе се закануваше, но иницијативата ја круниса само со еден гол Во 52. минута Каихо Хорхе ја намали негативата.
Се водеше речиси рамноправна борба до финишот, а во петтата минута од судиското надополнување Расинг ги казни очајните обиди на ривалите да израмнат и го реши прашањето околу победникот.
Голот за големото славје во клупската историја го постигна Колумбиецот Роџер Мартинез на асистенција на Хуан Нардони.
Спорт
(Видео) Симеоне преплавен од емоции: Многу го сакам овој клуб
Легендата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, вчера 700.пат во кариерата го предводеше Атлетико и ја забележа 300. победа во Примера (413 во сите конкуренции).
Симеоне, го преплавија емоциите по натпреварот додека разговараше со новинарите и поранешниот капитен Диего Годин.
„Како што можете да видите, јас живеам во сегашноста. Поминуваме низ добар период, играчите работат со голема одговорност. Мирен сум, срцето ми е на место“, рече Симеоне, кога гласот наеднаш му затрепери.
„Во моментов… Толку многу го сакам овој клуб“, рече тој и кажа „збогум“, го предаде микрофонот и си замина, не сакајќи публиката во живо да биде сведок на неговиот редок излив на емоции.
SIMEONE SE EMOCIONA EN #DAZN HABLANDO DE SU FUTURO pic.twitter.com/x7nS544sbw
— DAZN España (@DAZN_ES) November 23, 2024
Оваа сабота против Депортиво Алавес, тој го предводеше својот Атлетико по 700-ти пат откако беше промовиран во декември 2011 година како тренер на клуб кој не наликуваше на овој што го имаме денес.
Освои освои две Лига Европа, играше во две финалиња во Лигата на шампионите, освои две титули во шпанската лига, еден Куп на Кралот и три национални и континентални Суперкупа.
Со пресврт против Алавес во изведба на неговиот син Џулијано Симеоне стигна до 413. победа. Арсен Венгер имаше 407 победи кога го предводеше Арсенал по 700-ти пат, а Сер Алекс Фергусон 382.
Спорт
(Видео) Доминација на Јокиќ и Денвер против Лејкерси
Денвер Нагетс убедливо славеа во Лос Анџелес кај Лејкерси со 127:102. Уште една брилијантна партија одигра актуелниот МВП, Никола Јокиќ.
Јокиќ за 36 минути на теренот постигна 34 поени (12/20 од поле) со 13 скока и осум асистенции.
Одличен натпревар одигра и Мајк Портер кој мечот го заврши со 24 поени и 11 скока (4/7 за три). Заедно со Јокиќ и Портер, со двоцифрен учинок натпреварот го завршија уште четворица кошаркари на Денвер. Трет кој забележа дабл-дабл беше Расел Вестбрук со 14 поени и 11 асистенции.
Кај тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Остин Ривс со 19 поени (3/7 тројки), Леброн Џејмс постигна 18 поени, но со лош удар од поле (7/17), додека Ентони Дејвис не блескаше. за 35 минути имаше 14 поени и десет скока.
Неизвесно беше во прво полувреме во Лос Анџелес, Лејкерси имаа предност од 65:63. Во вториот дел од натпреварот имаше поинаков тек.
Шампионот на НБА од 2023 година во средишницата на третиот период Денвер побегна на двоцифрена разлика која не ја испушти до крајот на мечот.