Македонија
Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_Foto-3.jpg)
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа го реафирмираше македонскиот став за почитување на политиката „Една Кина“.
Соговорниците изразија очекување дека и понатаму ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат меѓусебните односи во сите сфери од взаемен интерес, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти и ги нагласија можностите за проширување на економската соработка и туризмот. Во тој контекст, претседателката посочи дека е неопходно македонските стопанственици да бидат подобро запознаени со регулативата, прописите и функционирањето на кинескиот пазар, како би можело да се зголеми извозот во Кина.
Претседателката Сиљановска Давкова и кинескиот амбасадор Ѕуо разговараа и за улогата и влијанието на Народна Република Кина во светот, како и во нашиот регион, особено во контекст на економијата, а разменија мислења и информации и за ставовите на кинеската надворешна политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Минатата недела санкционирани 203 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/poc-pajak.jpg)
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 203 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 24.07. до 30.07.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.
Македонија
Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/tabanovce.jpg)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, соопшти МВР.
Македонија
„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/zaev-filipce.jpg)
„Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС. Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со Ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор емаил контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен.
Филипче е најдобрата маска на Заев. Исти луѓе исти вредности.
Ако мисли дека Филипче дека ќе се спаси, и кога ќе одговара за криминалите ќе вика дека е политички реваншизам овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност. Одговорност ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.