Црна хроника
Побарал 300 евра од девојка за да не објави видеа со компромитирачки материјал
Вчера околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ, информираат од МВР.
-Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.
На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги зел, бил лишен од слобода.
Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка, стои во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

