Спорт
(ВИДЕО) Турција продолжува понатаму
Турските фудбалери се пласираа во нокаут фазата на Европското првенство, откако во последното коло од групата Ф ја совладаа Чешка (2:1).
Натпреварот „беше“ решен во 20. минута кога Антонин Барак доби два брзи жолти картони и го заврши натпреварот.
Чесите се сами виновни што се доведоа во ситуација да бркаат победа со играч помалку, иако сигурно ќе има и такви кои ќе го обвинат Иштван Ковач .
И покрај предноста, Турците не постигнаа гол во првите 45 минути.
Од старт тргнаа во офанзива и веќе имаа резултат во 51. минута.
Неколку пати шутираа и беа блокирани, противничкиот голман одбрани, но не можеше кога топката стигна до Хакан Чалханоглу, кој ја смести топката во голот.
Чешка израмни преку Томаш Соучек со играч помалку во 65. минута.
Конечниот резултат го постави Ченк Тосун во четвртата минута од судиското надополнување.
Турција во нокаут фазата ќе игра против Австрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката
Клеј Томпсон (34) наскоро ќе стане нов играч на Далас Маверикс, каде ќе создаде нов супер тим со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.
Веста сè уште не е официјална, но врвниот НБА инсајдер Адријан Војнаровски објави дека зделката е завршена.
Томпсон треба да потпише договор на три години, за вкупно 50 милиони долари, за тимот кој минатата сезона играше во финалето на НБА.
Голден Стејт Вориорс не сакаа да му понудат на Клеј Томпсон повеќе од 20 милиони годишно поради хаотичната ситуација со преголемите договори, кои тој ги сметаше за навредливи и реши да бара нов клуб.
Така и официјално заврши ерата на династиите на браќата Сплеш, беше разбиен најдобриот шутерски тандем на сите времиња.
Томпсон е четирикратен шампион во НБА со Вориорс. Пет пати беше на Ол-стар натпреварот, двапати беше избран за трет најдобар тим во лигата и еднаш за најдобар одбранбен тим.
Минатата сезона, по големите проблеми со повредите, тој имаше просек од 18 поени, 3,3 скока и 2,3 асистенции
Спорт
Специјален гостин на тренингот на Српската кошаркарска репрезентација
Кошаркарскиот великан Владе Дивац беше специјален гостин на затворениот тренинг на кошаркарската репрезентација на Србија на подготовките во Стара Пазова соседна Србија.
Кошаркарската репрезентација на Србија е во почетна фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз 2024.
Како што се наведува во соопштението на КСС, Дивац на кошаркарите им посакал добро здравје како предуслов за успех.
„Анегдотата што Владе ја раскажа за тренингот со тренерот Пешиќ ќе остане меѓу ѕидовите на тренинг салата“?!
Дивац го освои светското злато со тренерот Пешиќ во 2002 година во Индијанаполис.
Што се однесува до Олимписките игри, тој освои сребро во Сеул во 1988 година и во Атланта во 1996 година.
Спорт
Капитенот на Португалија ќе се обиде да освои уште еден трофеј
Португалија ја мина групната фаза како првопласирана во групата Ф пред Турција, Грузија и Чешка.
Од друга страна, Словенија заврши на третото место во групата Ц пред Србија и зад Данска и Англија.
Победникот од овој дуел на турнирот ќе оди против Франција која со 1:0 ја совлада Белгија.
Од меч во меч Пепе и Кристијано Роналдо соборуваат рекорди во категоријата најстари играчи на Европското првенство, иако се уште се чека голот на првата ѕвезда на Ел Наср.
Роналдо преку асистенција до Бруно Фернандеш против Турција покажа дека е повеќе посветен на тимскиот успех отколку на личната статистика (помалку чудно за него)
Време е да ја покажат целата своја сила.
Кристијано Роналдо е единствениот играч со повеќе од десет настапи во нокаут рундата на Европското првенство – ова ќе му биде 12. меч.
На второто место е поранешниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи со девет настапи.
Европското првенство во Германија е последно за Кристијано Роналдо со оглед на тоа што наполни 39 години.
Капитенот на Португалија и вечен конкурент ќе се обиде со сите сили да освои уште еден трофеј за репрезентацијата од позицијата најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето (14 гола), две децении по дебито на ЕП.
Со 25 настапи тој е и рекордер во овој сегмент на Европското првенство.