Црна хроника
Приведени крадци од скопско Кондово
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
По претходна наредба од Основен кривичен суд-Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров биле извршени претреси на четири локации во селото, кај двајцата лишени од слобода и уште двајца малолетници, при што кај У.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, како и предмети со кои било извршено кривичното дело.
Со малолетниците бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена скопјанка во центарот на градот
Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 67-годишната С.Ф. од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против 33-годишник, полово вознемирувал скопјанка во хотел во Стар Дојран
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, извести МВР.
„На 30.06.2024 во хотел во Стар Дојран, пријавениот полово вознемирувал скопјанка која била сместена во истиот хотел“, соопшти МВР.
Црна хроника
МВР со детали: Девојката врз која падна дрво во центарот на Скопје со тешки повреди е пренесена во болница, повредено е уште едно лице
Вчера во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи, извести МВР.
– Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.