Спорт
Оклахома го избра Топиќ
Српскиот кошаркар Никола Топиќ ќе може да игра за Оклахома која го избра како 12. пик на драфтот.
На Топиќ му предвидуваа повисока позиција, а повредата на коленото веројатно влијаеше на крајниот исход.
Првата и втората позиција им припадна на Французите Захари Ризаше и Алекс Сар, додека Рид Шепард го освои третото место.
Како 12-ти пик на драфтот во 2024 година, Оклахома Сити Тандер ги избра Никола Топиќ од Србија и белградска Црвена звезда.
Во текот на претходната сезона, српскиот кошаркар важеше за еден од кандидатите за првите пет места на драфтот, но на крајниот исход веројатно влијаеше повредата во јануари, која ја санираше во мај на првиот натпревар од финалната серија од АБА лигата против Партизан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона лесно се справи со Бетис
Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 5:3.
Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.
Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.
До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.
Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1:5.
До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.
Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3:5.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ливерпул во Лидс испушти 0:2 и 2:3, Танака во 96-та погоди за 3:3
Спектакуларно второ полувреме одиграа Лидс и Ливерпул во Премиер лигата. Ливерпул не може да излезе од кризата, против Лидс не им беше доволна предноста од 0:2 и 2:3. идес освои бод во 96-та минута кога Танака го постигна голот за 3:3.
По првиот дел во кој немаше голови, навивачите на „Елан роуд“ присуствуваа на вистински спектакл. Ливерпул постигна два гола во интервал од 120 секунди. Екитике погоди во 48-та и 50-та минута.
Лидес одговори идентично, во 73-та погоди Калвер-Лувин од пенал, а изедначи Стач во 75-та минута.
Нова предност на Ливерпул му донесе Собослај во 83-та минута. Но „црвените“ не успеаја да победат. „Елан роуд“ во делириум го фрли Танака со голот за конечни 3:3 во 96-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Интер го декласира Комо
Фудбалерите на Интер убедливо го победија Комо со 4:0 (1:0) во натпреварот од 15-то коло на италијанската Серија А.
Момците на Кристијан Киву, слободно може да се каже, го декласираа тимот на Сеск Фабрегас, најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Веќе во 11-тата минута, Лаутаро Мартинез ги доведе „нероазурите“ во водство и го најави триумфот на домашниот тим.
Комо се држеше максимално во првото полувреме, имаше неколку можности за израмнување, а потоа гостите се распаднаа во продолжението.
Маркус Тирам ја удвои предноста на Интер во 59-та минута, а точно на истекот на 80-та минута, Хакан Чалханоглу, во свој стил, од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:0.
Конечниот резултат го постави Карлос Аугусто во 86-та минута.
Интер ја забележа 10-та последователна победа во лигата над Комо, кој не постигна гол во претходните пет меѓусебни средби.
По овој натпревар Серија А, повторно има нов лидер, барем додека Милан не го одигра својот натпревар.
Foto/ EPA

