Македонија
Муцунски – Агелер: земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на неопходните реформи за полноправно членство во ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski_ageler_27062024_2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
Во рамки на средбата, Муцунски ги потенцираше програмските активности на владата во делот на надворешната политика и надворешната трговија и определбата на владата за брзо дејствување во насока на спроведување на неопходните реформи, потребни за забрзување на интегративниот процес.
Двете страни разменија мислења за активностите во рамките на Стратешкиот дијалог со САД, поддршката за реализирање на владините приоритети во борбата против корупцијата, обезбедување зголемен економски раст и привлекување странски инвестиции, соработката во енергетскиот сектор и во развојот на инфраструктурата.
Муцунски упати благодарност за долгорочната поддршка од Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси нагласувајќи дека земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на сите неопходни реформи со крајна цел полноправно членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57485195_1221860194654088_908622394715799552_o.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Кисела Вода.
− во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите со парни броеви од бр.2 до бр.14, на улицата Козле во општина Карпош.
− во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Герника 2 и Герника 4, село Драчево од ТС село Драчево 8 во општина Кисела Вода.
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/crvena-mladina-gerila-akcija.jpg)
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.