Свет
(Видео) Судар меѓу автобус и воз во Словачка: има загинати и повредени, локомотивата се запалила по несреќата

Најмалку четири лица загинаа денеска, а пет се повредени во судир на автобус и воз на железнички премин кај градот Нова Замка, во реонот на Нитра, соопшти Оперативниот центар за итна медицинска помош.
🚨Another serious accident on the railway. This time in Slovakia, where an EC train from Budapest to Prague collided with a bus at a level crossing near Nové Zámky this afternoon.
Video source:
Facebook/katarina.molnarova.37 pic.twitter.com/hTdFhAVs6N— Czech Rail Guide (@CzechRailGuide) June 27, 2024
На местото на несреќата биле испратени пет возила на брза помош и два хеликоптери, јави „ТАСР“.
Според портпаролот на сопственикот на железничката инфраструктура ЖСР Владимир Бахилов, несреќата се случила нешто по 17:00 часот на железнички премин опремен со бариери и светлосна сигнализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Маск не е неопходен во Белата куќа, едноставно ми се допаѓа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американскиот милијардер Илон Маск, кој раководи со американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), не е неопходен во неговата администрација, „туку едноставно му се допаѓа“.
„Илон заврши фантастична работа… Не ми треба за ништо друго освен што случајно ми се допаѓа. Овој човек, ова момче заврши фантастична работа“, рече Трамп во разговор со новинарите и членовите на кабинетот во Белата куќа, пренесува Business Insider.
Маск, кој доби широк пристап до владините операции и податоци преку неговата улога во борбата против злоупотребите и измамите во американската администрација, е помалку присутен во јавноста од минатонеделната трка за Врховниот суд во Висконсин, која ја загубија републиканците.
Според извештаите на медиумите, ова покренало прашања за неговото идно учество во администрацијата, особено што поретко го гледале во Белата куќа.
Некои американски медиуми го обвинија Трамп за злоупотреба на својата моќ, вклучително и претворање на Белата куќа во изложбен салон за „Тесла“, чиј извршен директор е Маск, откако минатиот месец американскиот претседател најави дека ќе го купи електричниот автомобил на производителот.
Трамп негираше дека добил посебни услови за ова купување и дека тоа го направил „за поддршка на Маск“.
„Не ми треба неговиот автомобил. Јас всушност го купив затоа што ми рекоа: „О, дали го купивте евтино? Реков „не, дај ми ја највисоката цена“. Платив многу пари за тој автомобил. Но, искрено, тој прави одлични автомобили… Јас го направив тоа во знак на поддршка“, рече Трамп.
Тој, исто така, рече дека Маск „не бил третиран како што треба“, алудирајќи на протестите насочени кон милијардерот и насилните напади врз салоните на „Тесла“.
Регион
Вучевиќ: Ѓилас го уништи Белград повеќе од германските окупатори

Премиерот на Србија во технички мандат и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас го уништил и опустошил Белград повеќе од германските окупатори и дека веќе никој не верува во неговите „Потемкинови села“.
„Внимавајте што вели експертот за кражба на народни пари, човекот кој Белград го направи негова приватна сопственост и го уништи и го направи полош од германските окупатори“, рече Вучевиќ на мрежата Икс, реагирајќи на најавата на Ѓилас на социјалните мрежи за формирање на новата влада на Србија.
Вучевиќ изјавил дека цената на кражбата на Ѓилас ја платиле граѓаните на Србија со години, додека тој кон Белград имал долг од 1,2 милијарди евра, а в џеб ставил 619 милиони евра.
„Почитуван Ѓилас, одамна никој не верува во вашите „Потемкински села“, Белград и Србија не се лонец со злато од кој можете да извадите пари колку сакате“, истакна Вучевиќ.
Тој додаде дека никој не сака неговите алтернативи за нормален живот и сигурна иднина да бидат криминал, ароганција, грабеж, насилство, неморал, злоупотреба на службената положба, бидејќи, како што истакна, тоа се синоними за Ѓилас и неговата „банда крадци кои би се вратиле на власт без волјата на народот“.
Нема да се извлечете! Србија ќе победи!“, нагласи Вучевиќ, пренесува Танјуг.
Регион
Земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Хрватска: „Беше краток, но силен“

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во 11 часот и 52 минути, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 48 километри од Подгорица и 20 километри од Никшиќ.
Според корисниците на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.
„Кратко, но силно“, коментира жител од Дубровник.
„Многу кратко, но се почувствува“, вели друг жител од областа Дубровник.