Македонија
ЦУК: Заробен возач во заглавен камион на патот меѓу Росоман и Прилеп
Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него, како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата, дополнително ќе не известат“, информира Центарот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

