Свет
Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи, едно лице загина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/fg-3.jpg)
Едно лице загина при уривање на покривот на аеродромот во Њу Делхи поради обилните врнежи и ветрови.
Поради несреќата, која се случи утринава во 5:00 часот, официјалните лица ги откажаа летовите до 14:00 часот, пренесува Reuters.
Локалните медиуми јавија дека три лица се повредени, а едно лице е заробено под урнатиот покрив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Естонија нарача турски воени оклопни возила „Јорук“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ј.jpg)
Естонија нарача оклопни возила на турската војска, „Јорук 4х4“, а турската воена компанија ќе испорача 100 од овие возила во рок од една година.
Со ова купување Естонија стана третата членка на НАТО што се одлучи за турски оклопни борбени возила „Јорук 4х4“, пренесува порталот на турската државна телевизија ТРТ.
Естонскиот претседател Алар Карис неодамна ја посети турската компанија Nurol Makina, која е еден од водечките турски производители на воени оклопни возила.
Свет
Oрбан по средбата со Зеленски: Го повикав да размисли за итен прекин на огнот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/orban-viktor.jpg)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател за време на ненадејната посета на Киев, изјави дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и додаде дека тоа е начин да се забрзаат мировните преговори со Русија.
Орбан нагласи дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски на заедничката прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идните договори меѓу Киев и Будимпешта.
„Благодарен сум ѝ на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија, минатиот месец) и за поддршката на заедничкото коминике од самитот. Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој исто така му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина првпат по 12 години.
Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на руско-украинската војна, а шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, на својот канал на „Телеграм“ објави дека Украина направила многу за таа посета да се оствари, пренесува „Укринформ“.
„Направивме многу за да ја оствариме оваа посета. Важни разговори за иднината на Европа, безбедноста, меѓународното право и формулата за мир“, напиша Јермак.
Посетата на Орбан дојде откога Унгарија вчера го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци.
Свет
Зеленски: Разговарав со Орбан за тоа како да се постигне фер и траен мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/zelenski1.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Киев, дека двајцата разговарале за начините за постигнување праведен и траен мир.
„Благодарен сум ѝ на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија, минатиот месец). Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, рече Зеленски во објава на „Икс“.
Тој исто така му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина првпат по 12 години.