Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,6 степени во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди денеска БиХ.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 17 километри северно од Зеница и 11 километри југозападно од Жепче, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 12.29 часот. Потреси се почувствувани околу Зеница, Тешњ, Теслиќ, Какањ, Нови Травник, Вогошќе, Тузла, Градачац, дури и во соседна Хрватска, во Славонски Брод.
Регион
Работник загина на градилиште во Црна Гора: кран паднал од силните ветрови
Турски државјанин загина на градилиште во Чањ при силното невреме што ја зафати Црна Гора.
Според „Вјести“, работникот бил во кранот, кој се урнал за време на ураганските ветрови.
Порталот „Приморски“ јавува дека ветерот откорнал делови од дрвја во Бар и дека биле оштетени автомобили.
Се наведува дека поради невремето биле оштетени и неколку пловни објекти во пристаништето.
Исто така, невремето собори три крана во пристаништето и искрши претоварни мостови, се наведува во написите.
Регион
(Видео+фото) Силно невреме го пустоши регионот: поплава во Белград, силниот ветер корнеше дрвја во Хрватска, оштетени згради во БиХ
Невреме го зафати регионот – силните ветрови уриваа дрвја, згради и возила во Хрватска и во Босна и Херцеговина, а во Србија имаше вистинско невреме, пишуваат регионалните медиуми.
Многу силно невреме опустоши дел од Хрватска, поконкретно Славонија и областа Загреб, но и дел од Босна и Херцеговина.
Дожд, грмежи и дожд го погодија и главниот град на Босна и Херцеговина, а Тузла ја зафати силно невреме, јавува „Ослобоѓење“.
Многу бурно невреме утрово го зафати и Требиње. Причинета е голема материјална штета, јавува РТРС.
Од силниот ветер беа урнати голем број дрвја. Многу автомобили беа оштетени.
За неполни два часа наврнале 17 литри дожд на квадратен метар, а брзината на ветерот била 97 километри на час.
Што се однесува до Хрватска, лапавица, грмежи и врнежи придружени со град предизвикаа проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупанија.
Најголеми штети се направени на подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија, каде што е забележана штета на инфраструктурата, поплавени се дворови и крајбрежни површини. Силниот ветер корнеше дрвја, кои паднаа врз автомобили, пренесува „Кликс“.
Метеоролозите во Хрватска најавуваат дека денеска во поголем дел од земјата ќе продолжи нестабилното време.
Белград утрово е буквално под вода, со оглед на тоа што поради огромното количество дожд што наврна во текот на ноќта и утринава, реки течат на улиците, пишуваат тамошните медиуми.
Невремето најпрвин стигна до дел од Војводина, а најмногу беа погодени Нови Сад и Рума.
Дождот собори дрвја, а причинета е огромна штета на автомобили и возила.
Белградските медиуми пишуваат дека се работи за невидено невреме, кое за кратко време го зафати главниот град на Србија.
Бурата ја зафати и Словенија, според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина, најсилното невреме било во Доленска.
Градот направил најмногу проблеми, особено во сообраќајот. Возачите пријавиле скршени шофершајбни, пренесува N1.