Спорт
Продолжува сагата на ПИКСИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/95841_20181208141252_5c0bcc94b789683f782b2b27jpeg_ls.jpg)
Продолжува сагата дали Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на Србија, и дали ФСС ќе го замени со ново лице.
Изминативе денови медиумите пишуваа дека Германецот Јоаким Лев е еден од кандидатите за селектор на Србија, за брзо стигна демант од Германија, а според медиумите од Австрија Лев нема да дојде сам на клупата на Србија. .
Како што пишува австрискиот портал „ОЕ24“, сигурно е заминувањето на Драган Стојковиќ Пикси од функцијата селектор на српската репрезентација и Лев треба да биде негов наследник.
Според информациите на овој портал, Бастијан Швајнштајгер, поранешен германски репрезентативец и сопруг на српската тенисерка Ана Ивановиќ, би работел заедно со Лев како помошник тренер.
Лев, кој има 64 години, е без работа од 2021 година, кога ја напушти германската фудбалска репрезентација. Ќе успее ли германецот да ја „спаси“ српската репрезентација?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(ВИДЕО) Рутинска победа за Холандија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/HOLANDIJA.jpg)
Романската бајка заврши брзо.
Новото поглавје започна добро, но Холанѓаните се потрудија да му дадат тажен крај.
Разликата во класата беше евидентна, а кога Холанѓаните одиграа според таа разлика и според фазата на натпреварување, јасно беше дека првото место во групата ќе остане единственото големо сеќавање од Германија за романските навивачи.
Холандија поведе во првото полувреме, поточно во 20. минута, кога погоди Гакпо, а потоа во 83. минута ја потврди победата со голот на Мален, кој на крајот го постави конечниот резултат во последните секунди од натпреварот – 3:0.
Романците целосно застанаа и до крајот на мечот не успеаа да создадат ниту една убава шанса. Добрата организација и фокусот целосно исчезна во првото полувреме.
Голем број на нафрлувања од игра, но и од бројни корнери останаа нереализирани.
Ова е крај за Романија, а Холандија во четврт-финалето го чека подобриот од пресметката Австрија-Турција.
Спорт
Минхен најатрактивната туристичка метропола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/MINHEN.jpg)
Главниот град на Баварија и трет најнаселен град во Германија е меѓу најатрактивните туристички, а економски меѓу најважните метрополи, не само во сопствената земја туку и во Европа.
На шега го нарекуваат Минхен како „најсеверниот италијански град“, алудирајќи на релаксираниот начин на живот и менталитет на жителите во споредба со германските стереотипи.
Минхен е трет најнаселен град во Германија – по Берлин и Хамбург, а е на 12 место во Европската унија.
Името на градот доаѓа од манастирот Апуд Минхен, основан во областа на крајот на 10 век.
Во средината на 12 век настанала населбата Минхен, која доживеала голем просперитет во 15 век за време на ренесансата и барокот.
Најпознатиот настан во Минхен секако е традиционалниот фестивал на пивото „Октобарфест“, манифестација која е прва асоцијација на градот и германската народна култура.
Најважните знаменитости на Минхен се Мариенплац, Германскиот музеј, Англиската градина и Олимпискиот парк.
Спорт
Мичел останува верен на Кливленд
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/donovan.jpg)
Донован Мичел ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс со потпишување на три годишен договор.
Нема сомнение дека франшизата од Охајо има долгорочни планови, а за 27-годишниот Мичел, кој е во НБА од драфтот во 2017 година, тоа значи дека ќе има право да потпише петгодишен договор вреден 380 милиони долари. во 2027 година.
Мичел верува дека главниот тренер Коби Алтман може да го повтори подвигот од 2016 година со освојување на трофејот Лери О’Брајан, според Војнаровски.
Мичел беше избран од Јута Џез со 13-ти вкупен пик на драфтот.
Тој помина четири сезони во тимот од Солт Лејк Сити, а потоа се пресели во Кливленд.
Минатата сезона ги предводеше „Коњаниците“ до полуфиналето на Источната конференција, каде беа поразени од Бостон Селтикс со 1:4.
Во разигрувањето одигра 10 натпревари, а Кливленд во првото коло едвај го победи Орландо – 4:3. Мичел имаше просек од 29,6 поени, 5,4 скока и 4,7 асистенции во плејофот во 2024 година.