Спорт
Сантос останува во КК Црвена звезда
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/e9346b41-yago-dos-santos-crvena-zvezda-partizan-belgrade-euroleague-regular-season-round-five-950x500-1.jpg)
Бразилскиот плејмејкер Јаго дос Сантос го продолжи договорот со белградска Црвена Звезда до 2027 година.
МВП. на финалето на АБА лигата останува во редовите на црвено-белите и покрај претходните најави дека би можел да го напушти клубот и да се пресели во Русија.
Во својата дебитантска сезона во Евролигата, Јаго настапи на 28 натпревари и имаше просек од 9 поени, 2 скока, 4 асистенции и 0,5 украдени топки.
Во регионалното натпреварување тој имаше просек од 10,6 поени за 21 минута, имаше 2,4 скока и 4,4 асистенции со корисен индекс 13.
На Мундобаскетот на Филипините, Јапонија и Индонезија настапуваше за репрезентацијата на Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Турција со огромна поддршка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/A.jpg)
Турција ќе биде без суспендираниот капитен Чалханоглу и централниот бек Акајдин, но дефанзивецот Бардакчи е на располагање по суспензијата од еден натпревар.
Но, интересно е што Турција не победи на ниту еден од претходните четири натпреварувачки натпревари без Чалханолгу.
Оваа серија вклучува пораз од 2-1 од Фарски Острови во Лигата на нации.
Австријците во групната фаза постигнаа шест и примија четири гола.
Во листата на стрелците на Европското се запишаа Сабицер, Шмид, Траунер, Арнаутовиќ и Баумгартнер. Против Холандија, Дони Мулен со автогол придонесе за подобра гол разлика на Австрија.
Кевин Вимер ќе го пропушти натпреварот против Турција, поради жолти картони.
Филип Мвен ја санираше повредата и ќе му биде на располагање на тренерот за дуелот.
Изгледите за натпреварување во нокаут рундата за селекцијата на Австрија по почетниот пораз од Франција не беа големи. Сепак, два последователни триумфи, најпрвин над Полска, а потоа и против Холандија, ги донесоа на челната позиција во групата.
Турција го започна европското со победа против дебитантот Грузија, но потоа загуби од Португалија. На крајот од групната фаза Турците беа подобри од Чешка.
Спорт
(ВИДЕО) Рутинска победа за Холандија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/HOLANDIJA.jpg)
Романската бајка заврши брзо.
Новото поглавје започна добро, но Холанѓаните се потрудија да му дадат тажен крај.
Разликата во класата беше евидентна, а кога Холанѓаните одиграа според таа разлика и според фазата на натпреварување, јасно беше дека првото место во групата ќе остане единственото големо сеќавање од Германија за романските навивачи.
Холандија поведе во првото полувреме, поточно во 20. минута, кога погоди Гакпо, а потоа во 83. минута ја потврди победата со голот на Мален, кој на крајот го постави конечниот резултат во последните секунди од натпреварот – 3:0.
Романците целосно застанаа и до крајот на мечот не успеаа да создадат ниту една убава шанса. Добрата организација и фокусот целосно исчезна во првото полувреме.
Голем број на нафрлувања од игра, но и од бројни корнери останаа нереализирани.
Ова е крај за Романија, а Холандија во четврт-финалето го чека подобриот од пресметката Австрија-Турција.
Спорт
Минхен најатрактивната туристичка метропола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/MINHEN.jpg)
Главниот град на Баварија и трет најнаселен град во Германија е меѓу најатрактивните туристички, а економски меѓу најважните метрополи, не само во сопствената земја туку и во Европа.
На шега го нарекуваат Минхен како „најсеверниот италијански град“, алудирајќи на релаксираниот начин на живот и менталитет на жителите во споредба со германските стереотипи.
Минхен е трет најнаселен град во Германија – по Берлин и Хамбург, а е на 12 место во Европската унија.
Името на градот доаѓа од манастирот Апуд Минхен, основан во областа на крајот на 10 век.
Во средината на 12 век настанала населбата Минхен, која доживеала голем просперитет во 15 век за време на ренесансата и барокот.
Најпознатиот настан во Минхен секако е традиционалниот фестивал на пивото „Октобарфест“, манифестација која е прва асоцијација на градот и германската народна култура.
Најважните знаменитости на Минхен се Мариенплац, Германскиот музеј, Англиската градина и Олимпискиот парк.