Македонија
Мицкоски: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на владата
„На почетокот на октомври се сеќавам како многумина од вас кажуваа со какви се предизвици се соочувате. И тогаш главната идеа потекна од оваа средба да имаме комплетна промена на концептот во пензискиот систем, а тоа е да имаме линеарно покачување на пензиите на пензионерите. На тој начин практично сите пензионери ќе добијат подеднакво и нема да се создава преголема разлика помеѓу малкумина и повеќе од 80% од пензионерите.“, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба со здружението на велешките пензионери, после одлуката на Владата за зголемување на пензиите.
„И тогаш рековме и денес сакам тоа да го потврдам, дека наша главна цел ќе ни биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога за жал нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, тие чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии.“, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека е направена детална анализа и врз основа на тоа беше дадено ветувањето дека во првата година од мандатот ќе се направи линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.
„Денес на седницата на Владата како точка за информирање донесовме заклучок дека пензиите кои што треба да бидат нивелирани, сега во месец септември, а потоа и во месец март следната година, ќе го вклучат тоа линеарно покачување, најпрвин од 2.500 денари сега во септември, и уште 2,500 денари и во месец март. Тоа значи дека најпрвин за три месеци, па за 9 месеци, порано од таа една година што ја ветувавме, тие 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите за пензионерите ќе бидат веднаш исплатени“, рече претседателот на владата.
Тој потенцираше дека се правеле напори и сега во септември да се исплатат во целост 5.000 денари покачување на пензиите, но во овој буџет ваков каков што е, недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовното исплаќање на пензиите. Со оглед на тоа дека со ново покачување ќе бидат зафатени исто толку пари, со ребалансот на буџетот ќе бидат реструктуирани 5 милијарди денари или повеќе од 80 милиони евра.
„Она кое што го ветивме при нашата средба во октомври месец 2023 година, тоа и го реализираме во првите пет дена од формирањето на новата влада.“, посочи Мицкоски и дополни дека главен приоритет во периодот кој што следи ќе биде и здравствениот систем.
„Заедно работевме со министерот Арбен Таравари. Во подготовка е новиот закон во кој ќе направиме рационализација на функционерите во здравството, односно ќе дојде до бришење на делот во кој беа т.н. организациски или кај народот познати, економски директори. И тоа веќе министерот Таравари го направи, голем дел од нив кои што беа вршители на должност кои беа без мандат, заминуваат во историја, а со овој нов закон кој влезе во владина процедура, ќе бидат сите организациски директори укинати. На тој начин практично ќе имаме поефикасна и поевтина работа и повеќе пари кои ќе останат за здравствените осигуреници.“, рече Мицкоски во Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога
СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија.
Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна на прес-конференција Александар Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.
„Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).
Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?
Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна“.
Затоа, додава тој, е паниката во власта.
Како што вели, Ннместо да се соочат со фактите, тие водат медиумска кампања за дефокусирање на јавноста од енормните количини запленета дрога.
СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања:
„Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?
Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата?
Ова нема лесно да заврши! Сите ќе одговараат“.
Македонија
Општина Кисела Вода: Собирање на кабаст отпад, нова, постојана услуга за граѓаните
Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината.
До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. „Пријавувањето за подигнување на кабаст отпад се врши на телефонскиот број:
070/288-897, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Цената на услугата е 1500,00 денари.
По извршена пријава, екипите на ЈКП ќе го подигнуваат отпадот во рок од 24 часа. Потребно е да биде оставен пред куќата или зградата.
Собраните количини се транспортираат и соодветно се депонираат во ЈП „Дрисла“, согласно важечките еколошки стандарди.
Кабаст отпад кој може да се пријави: стар мебел, врати, прозорци, душеци, друг кабаст домашен отпад.
Отпад кој не се прифаќа: градежен шут, електронски отпад, гуми, опасен отпад (боја, хемикалии и сл.)
Правилното депонирање на отпадот е законска обврска“. Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да придонесат кон одржување на чиста и уредна околина.
Македонија
Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски не сака да ја зголеми минималната плата на 600 евра и директно ги остави работниците сами во борбата за гол опстанок, велат од СДСМ.
„По две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници живеат сè потешко, додека вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. Животот поскапува, а платите стагнираат, тоа е суровата реалност на македонските работници.
Наместо да го прифати предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра за сите ранотници, владата склучи селективен договор кој опфаќа само околу 10.000 административни службеници. Притоа беа целосно се игнорирани останатите јавни службеници и останатите илјадници работници во приватниот сектор.
Фактите се поразителни: околу 200.000 работници земаат плата под 30.000 денари. Тоа значи продлабочување на сиромаштијата, губење на достоинството на трудот и забрзано иселување на младите и квалификуваните луѓе“.
Минималната плата, нагласуваат од опозициската партија, мора да важи за сите – во јавниот и во приватниот сектор, во фабриките, конфекциите и малите компании. Селективни решенија и козметички договори не го решаваат проблемот.
„Решението на СДСМ е јасно, реално и изводливо. Минималната плата веднаш се зголемува за 50%, односно за 12.000 денари, и достигнува 600 евра. Тоа е мерка што директно го подобрува животот на работниците – сега, а не некаде во иднина.
Со ребаланс на Буџетот и со кратење на луксузот на власта – службени возила, мебел, патувања, кабинети, може да се обезбедат околу 200 милиони евра. Тие средства се доволни и за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании, без да се загрози нивната ликвидност.
Но владата на Мицкоски ги извиси работниците и си го избра сопствениот луксуз“.

