Македонија
Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана
Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот Идризово изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка и за жал, се чини дека ова нема да биде последен ваков случај, реагираат од Левица.
„Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана. Ова го потврдува и Годишниот извештај на Народниот правобранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаностна на просториите, кои пред сè, се извор на ширење на заразни болести. Условите за живот во казнено – поправните установи во Македонија се далеку под секој човечки минимум. Катастрофалните животни услови во КПУ се и еден од изворите што поттикнуваат појава на корупиција. Според она што го споделуваат затворениците, затворската полиција, чии припадници во повеќе наврати се фатени во обид да шверцуваат забранети предмети во затворите, се основна алка во корумпираниот систем. Потсетуваме дека во повеќе наврати околу затворите беше прогласувана кризна состојба со што се овозможи војската и регуларната полиција да ги обезбедуваат затворите, но, очигледно, дека и тоа имаше краткорочни ефекти, без да ги донесе потребните резултати, а проблемите продолжуваат да се таложат“, се вели во реакцијата на Левица.
Од партијата дополнуваар дека живот под секое човечко достоинство е недозволив.
„Дополнително, условите во КПУ се далеку под стандардите на КПД во земјите на ЕУ, затоа Левица бара ветинг на севкупната работа на затворите и затворската полиција, како и сеопфатна реформа поткрепена со дополнителни обуки за затворската полиција, кои ќе помогнат да се зголеми нивото на спремност и професионалност на нејзините припадници. Левица апелира дека на затворите им е потребно итно реновирање и зголемување на капацитетите, но и унапредување на програмите за ресоцијализација на затворениците, каде што преку индивидуален пристап, труд и едукација, ќе бидат подготвени за реинтеграција во општеството“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

