Македонија
Кисела Вода и „Суперхикс“ со фантастичен концерт ги прославија родендените и го затворија Културното лето (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/udarna.jpg)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/koncert.jpg)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/orce.jpg)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста на новинарка, се барало од неа да избрише текст што го напишала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/ojo.jpg)
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.
Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно ѝ се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи, кои ги презела во рамките на своите овластувања.
Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.
По издадените наредби на јавен обвинител, МВР го идентификува сторителот на кривичното дело за кое, во согласност со Кривичниот законик, е запретена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармира Здружението на новинарите на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмета, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело.
Македонија
На Табановце и Богородица за излез од Македонија се чека околу 30 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/18072022_Tabanovce_Otvoren-Balkan_novi-zeleni-koridori_3.jpeg)
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Кузеска: Со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/bogdanka-kuzeska.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција. Додаде дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.
– Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа, гледаме партизација пред квалификација, рече Кузеска, додавајќи дека нема нови кадри или некорумпирани професионалци.
Со назначувањето на в.д. директори, како што истакна, Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.
Посочи дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството, а на директоркото место во Управата за извршување санкции е назначен Александар Пандов, кој е дипломиран историчар и нема соодветно образование и искуство во областа.
Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак, како што рече Кузеска, е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, истакна Кузеска.