Спорт
Специјален гостин на тренингот на Српската кошаркарска репрезентација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/treningg.jpg)
Кошаркарскиот великан Владе Дивац беше специјален гостин на затворениот тренинг на кошаркарската репрезентација на Србија на подготовките во Стара Пазова соседна Србија.
Кошаркарската репрезентација на Србија е во почетна фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз 2024.
Како што се наведува во соопштението на КСС, Дивац на кошаркарите им посакал добро здравје како предуслов за успех.
„Анегдотата што Владе ја раскажа за тренингот со тренерот Пешиќ ќе остане меѓу ѕидовите на тренинг салата“?!
Дивац го освои светското злато со тренерот Пешиќ во 2002 година во Индијанаполис.
Што се однесува до Олимписките игри, тој освои сребро во Сеул во 1988 година и во Атланта во 1996 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
По Крос, уште една легенда се прости од германската репрезентација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-121143.jpg)
Германскиот фудбалер Тони Крос вчера и официјално ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Одличниот германски играч за врска најави дека ќе се пензионира по Европското првенство, а со тоа што Шпанците ги нокаутираа неговите Германци, тоа пензионирање стана и официјално. После тоа од Германија стигна вест дека Томас Милер (34) ќе стави крај на репрезентативната кариера.
„Да, прилично е сигурно дека ова беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави напаѓачот на Баерн за Скај. Милер за Германија дебитираше во 2010 година, а оттогаш забележа 131 настап и постигна 45 голови. Во 2014 година со репрезентацијата беше светски шампион во Бразил. Во кариерата настапуваше само за Баерн, чиј член е од 2000 година. За баварскиот клуб има 707 настапи и 242 гола.
Спорт
(Видео) Емотивно: Пепе неутешно плаче по испаѓањето на Португалија, Роналдо го гушка и теши
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-092807.jpg)
Фудбалерите на Португалија не успеаја да се пласираат во полуфиналето на ЕУРО.
Загубија од Франција со 5:3, која во полуфиналето ќе игра против Шпанија, која беше подобра од Германија со 2:1.
Најстариот фудбалер, кој некогаш настапувал во европските првенства, Португалецот Пепе на 42 години одигра фантастичен натпревар и ги помина сите 120 минути на теренот.
Пепе, за кого ова беше петто последователно Европско првенство, испаѓањето на Португалија го доживеа исклучително емотивно и тешко.
Пепе плачеше, плачеше, а беше утешен и прегрнат од Кристијано Роналдо, кој има 39 години.
Речиси е сигурно дека двата пати мечот против Франција беше последен за Португалија на големите натпреварувања.
„Овој натпревар е симбол на професионалноста и посветеноста на Пепе и Роналдо. Да се стигне до таа фаза на турнирот и да се игра, а на нивна возраст, особено Пепе, тоа е огромна почит“, изјави Рио Фердинанд за Би-Би-Си по натпреварот.
Pepe: "Obrigado por tudo, mano!
Ronaldo: "Tudo por Portugal"
Foi um prazer ver-vos no vosso último euro, capitães 🇵🇹 pic.twitter.com/numl6j27kz— mat (@mat_1906) July 5, 2024
Спорт
Се подготвува трансфер бомба: поранешната НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во Америка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-094744.jpg)
Според информациите на „СДНА“, 37-годишната поранешна НБА ѕвезда Руди Геј најверојатно ќе стане жител на западните предградија на Атина.
Овој искусен кошаркар, кој не се натпреваруваше минатата година, би можел да се врати на терените играјќи за Пестери.
Клубот бара засилување по заминувањето на Василис Спанулис, а новиот тренер Јоргос Лимнијатис секојдневно работи на градење на тимот за следната сезона.
Руди Геј беше драфтуван уште во 2006 година, а во кариерата ги носеше дресовите на следните екипи: Мемфис Гризлис, Торонто Репторс, Сакраменто Кингс, Сан Антонио Спарс, Јута Џез.
Во витрината има голем број индивидуални и екипни награди, но најблескави се двете злата на СП во Турција и Шпанија со американската репрезентација.