Црна хроника
Кривична за полицаец: го напуштил работното место и пукал со службениот пиштол на улица, па сакал да го прикрие настанот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т. А., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 29.6.2024, околу 6.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на улицата Бетовенова, каде што се сретнал со едно лице по претходен договор за средба и во еден момент пријавениот Т. А. со службениот пиштол испукал неколкупати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица, се раздолжил со опремата и си заминал.
Пријавениот преку своите колеги, полициските службеници П. П. и С. Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за овој настан, се обидел да влијае за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, во согласност со своите надлежности и овластувања, ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т. А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П. П. и С. Д. ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл.
15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот. На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница.
Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.
Топ
МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче.
Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот. Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди.
Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата изврши увид и презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но добил тешки повреди

Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.
Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.
Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.