Спорт
Турција со огромна поддршка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/A.jpg)
Турција ќе биде без суспендираниот капитен Чалханоглу и централниот бек Акајдин, но дефанзивецот Бардакчи е на располагање по суспензијата од еден натпревар.
Но, интересно е што Турција не победи на ниту еден од претходните четири натпреварувачки натпревари без Чалханолгу.
Оваа серија вклучува пораз од 2-1 од Фарски Острови во Лигата на нации.
Австријците во групната фаза постигнаа шест и примија четири гола.
Во листата на стрелците на Европското се запишаа Сабицер, Шмид, Траунер, Арнаутовиќ и Баумгартнер. Против Холандија, Дони Мулен со автогол придонесе за подобра гол разлика на Австрија.
Кевин Вимер ќе го пропушти натпреварот против Турција, поради жолти картони.
Филип Мвен ја санираше повредата и ќе му биде на располагање на тренерот за дуелот.
Изгледите за натпреварување во нокаут рундата за селекцијата на Австрија по почетниот пораз од Франција не беа големи. Сепак, два последователни триумфи, најпрвин над Полска, а потоа и против Холандија, ги донесоа на челната позиција во групата.
Турција го започна европското со победа против дебитантот Грузија, но потоа загуби од Португалија. На крајот од групната фаза Турците беа подобри од Чешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Соборен светскиот рекорд во скок во височина
Украинската атлетичарка Јарослава Махучих го собори светскиот рекорд во скок во височина на Дијамантската лига во Париз.
На митингот на Дијамантската лига во Париз, Јарослава Махучих скокна во висина од 2,10 метри и со тоа го надмина рекордот на Бугарката Стефка Костадинова од 1987 година, поставен на Светското првенство во Рим.
Со овој скок Украинката го освои првото место на состанокот на Дијамантската лига во Париз, додека третото место го зазеде српската атлетичарка Анџелина Топиќ. Втора беше Никола Олислагерс од Австралија.
Собирот на Дијамантската лига се одржува на стадионот „Себастиен Шарлети“ во Париз.
Најголеми достигнувања на атлетичарката во досегашната кариера се бронзата на Олимписките игри во Токио, златен медал на Светското првенство во 2023 година, златен на СП 2022 година во сала, како и два златни медали на Европските првенства, на отворено и во сала.
Спорт
Хамилтон во солзи ја прослави 104 победа во кариерата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-174228.jpg)
Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Британија.
Седум кратниот светски првак славеше по шауза од 950 дена од ГН на Саудиска Арабија вп 2021.
Лудата трка на патеката Силверстон Хамилтон ја доби пред Макс Ферстапен и Ландо Норис.
Освојувачот на пол позоцијата, Џорџ Расел се откажа во 33 круг.
Хамилтон 9.пат во кариерата победи во Силверстон, ниту еден возач нема толку победи на една патека.
Британецот во солзи ја прослави победата.
Спорт
Селекторот на Холандија горд на својата репрезентација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/HOLA.jpg)
Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман изјави дека е горд на репрезентативците кои изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Холандија во среда против Англија ќе се бори за пласман во финалето на ЕП 2024.
Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако во Берлин во четвртфиналето ја совлада Турција со 2:1.
„Ние сме мала нација, а во полуфинале сме со Англија, Франција и Шпанија. Горди сме што играме во полуфиналето на Европското првенство. Моравме да успееме и дадовме се од себе на натпреварот со Турција. Не беше лесно, имаше емотивна игра, играчите го оставија срцето на терен“, изјави Куман.
Тој истакна дека е задоволен од играта на тимот и во вториот дел.
„Покажавме дека знаеме како да се вратиме во мечот иако губевме со 1:0. На крајот стигна големата награда, пласман во полуфиналето на ЕП“, додаде Куман.
“Англија има добри играчи, но и ние. Играме во Дортмунд, кој е блиску до Холандија. Можеби тоа ќе направи разлика на овој натпревар”, заклучи холандскиот селектор.