Македонија
„Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата“, велат од партијата Левица

„Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат во внатрешните работи на земјава. Влијанието кое го вршат врз политичките одлуки, најчесто, се прави преку повикување на интеграционите процеси или некакви вредности и доаѓаат во фаза на наложување како државата да се однесува по одредени внатрешни и, речиси, севкупни надворешни прашања и интереси“, велат од партијата Левица.
„Вазалската подреденост на СДСМ ги сруши државните позиции по клучните национални прашања и стратешки интереси. За жал, новата власт предводена од ДПМНЕ продолжува да води идентична вазалска политика како нејзините претходници. Изминативе денови имавме прилика да слушнеме неколку изјави на Амбасадорката на САД кои ги нарушуваат националните интереси и позици на државата и на македонскиот народ, но истите не само што не наидоа на соодветна реакција од државната власт и беа игнорирани, туку и добија дополнителен легитимитет со тоа што новите функционери, наместо најавеното „фаќање“ за работа, го „фатија“ патот право во Амбасадата на САД!
Амбасадорите на ниту една земја не смеат да даваат насоки ниту јавно, ниту позади затворени врати, за тоа какви решенија треба да донесуваат нејзините министри или пратеници. Давањето изрични изјави во форма на наредба (па дури и закана), за државните политики е директно вмешување во внатрешните работи. Во една демократска земја, власта суверенитетот го влече од народот, не од странските амбасади!
Ваквиот колонијален менталитет што наѕира уште во првите денови од управувањето со државниот апарат, покажува дека Владата нема да ги спроведува политиките за кои беше избрана, туку ќе ги следи насоките од одредени амбасади што од демократска, нè прави амбасадократска држава.
Освен ова, конкретните изјави на амбасадорката на САД Агелер, не само што го нарушуваат суверенитетот како еден од столбовите на демократскиот поредок во државата, туку и претставуваат директно поткопување на македонските национални интереси, особено ако се земе предвид дека се однесуваат на внатрешното уредување, Уставот како највисок правен акт и македонскиот идентитет.
Левица ги повикува Владата на ДПМНЕ и МНР за секоја ваква изјава да возвратат со соодветна реакција и да не дозволат ова да продолжи како пракса, без разлика за тоа амбасадор на чија земја ја има дадено истата.
Апелираме до секој акредитиран дипломатски кор во земјава да не излегува од ингеренциите предвидени со меѓународното право, да се воздржи од изјави кои го нарушуваат државниот суверенитет или претставуваат какво било мешање во внатрешните работи на Македонија, вклучувајќи ја и амбасадорката на САД – Анџела П. Агелер“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

„Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа“, кажа денеска прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ.
„Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува. Субвенциите од минатата година за пиперката се уште не се исплатени. Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети. Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство. Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури. Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година. На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки“, истакна Димитриевски.
Македонија
(Видео) ЗНАМ: Обезбедуваме поддршка и квалитетни услови за живот на пензионерите во Куманово

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во редовното дневно претставување на изборната програма денеска зборуваше за пензионерите. Куманово е општина која е пријател на пензионерите. Затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја.
Затоа, наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани, изјави на денешната прес-коференција, кандидатката за советик во идниот мандат Гордица Бошковска.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:
• Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
• Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
• Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
• Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
• Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
• Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
• Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
• Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
• Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
• Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
• Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
• Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
• Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
• Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
• Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
• Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.
Според Бошковска, ваквите проекти, само покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово. Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што има ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени, вели таа.
Македонија
(Видео) Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен

Општина Центар е срцето на главниот град – место каде секој детал зборува за ликот, духот и вредностите на граѓаните кои живеат во неа. Но, во последните години, голем број станбени објекти се оставени на забот на времето, со дотраени фасади, нарушена естетика и сè поголеми енергетски загуби кои директно го погодуваат стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во својата изјава истакна дека обнова на објектите и фасадите ќе биде еден од приоритетите во неговата програма за поубав и пофункционален Центар.
„Секоја зграда е дел од идентитетот и душата на нашата општина. Старите згради ќе добијат нови, енергетски ефикасни фасади кои, покрај тоа што ќе го разубават просторот и ќе му дадат достоинствен изглед на Центар, ќе им донесат на граѓаните помали сметки за греење и поквалитетни услови за живеење,“ порача Лабудовиќ.
Тој нагласи дека модерниот Центар треба да биде пример за урбан развој со мерка, кој ќе ја спои естетиката со енергетската ефикасност, а грижата за секој жител ќе биде во сржта на секоја општинска политика.
„Центарци заслужуваат достоинствен живот. Со целосна реконструкција и современ изглед, ќе создадеме општина која ќе зрачи со убавина и ред, но и ќе обезбеди реални економски придобивки за секој граѓанин. Центар мора да го зачува својот дух и карактер, но и да чекори напред, во чекор со современите стандарди за живот,“ изјави тој.
Проектот за енергетска санација и обнова на фасадите е дел од пошироката визија на Лабудовиќ за модерен, чист и зелен Центар. Тој најави дека општината ќе аплицира и за европски фондови за поддршка на енергетската ефикасност и одржлив урбан развој, со цел граѓаните да добијат долгорочни решенија, а не само козметички промени.
„Овој проект не е само прашање на естетика, туку на подобар живот, пониски трошоци и поголема удобност. Сакам граѓаните да живеат во општина со убав изглед, чист воздух и ред. Центар заслужува да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен. Центар мора да биде убав!“ заклучи Лабудовиќ.