Македонија
Средба Муцунски – Аксинте: Интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ тема на разговорите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.
Како што соопшти МНР, на средбата биле потврдени традиционалните и пријателски односи меѓу двете држави, кои и во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат, со посебен фокус на економската соработка. Воедно, се истакна и динамиката на билатералната соработка, почнувајќи од политичкиот дијалог, секторската соработка и нашата тесна соработка во регионалните иницијативи.

Тема на разговорите беше и интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека понатамошното проширување на Европската Унија не е само поттик за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.
Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Романија за нашето членство во Европската Унија, како и за нивната подготвеност да понудат помош во конкретни области кои се од наш интерес. Соговорниците се осврнаа и на сојузништвото во рамките на НАТО и потребата од зајакнување на соработката во контекст на безбедносните предизвици пред кои сме исправени, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

