Спорт
(ВИДЕО) Кевендиш собори рекорд на најпознатата велосипедска трка
Марк Кевендиш го собори рекордот по бројот на етапни победи на Тур д’Франс, и стигна до рекорден 35-ти етапен триумф во најпознатата велосипедска трка во светот.
39-годишниот спринтер од тимот на Астана, сега има една победа повеќе од легендарниот Белгиец Еди Меркс
Бидејќи етапата беше таканаречена рамна етапа, спринтерските способности на 39-годишниот Британец дојдоа до полн израз на целта.
Уште еднаш и убедливо на турнејата, тој стави до знаење зошто го нарекуваат ракета на островот Ман (роден е на тој остров во Ирското Море, кој е сопственост на британската круна).
Своите први етапни победи ги постигна во 2008 година.
Меркс е петкратен шампион на Тур, првиот беше во 1969 година, а последниот во 1975 година.
Французите се следни на вечната листа. Бернард Хино, исто така петкратен победник, имаше 28 успеси меѓу 1978 и 1986 година, а Андре Ледиќ, двократен победник во 1930-тите, 25 од 1927 до 1938 година.
Потоа доаѓа нивниот сонародник Андре Даригад со 22 успеси во 1960-тите (без тотален триумф), а во оваа галаксија тој исто така беше изразен спринтер како Кевендиш, додека другите се истакнаа и во бараните планински височини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пјастри на пол-позицијата во спринтот, Норис трет, Ферстапен шести
Оскар Пјастри ќе го започне спринтот во Катар од првата позиција. Австралиецот, во последното излегување на патеката успеа да му го одземе првото место на Џорџ Расел од Мерцедес за 32 илјадити делови од секундата. Трет ќе стартува лидерот во генералниот палсман, Ландо Норис. Потфрли, со шесттот место, Макс Ферстапен.
Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг 1:20.055, за „влакно“ беше побрз од Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес ги раздвои возачите на Мекларен. Ландо Норис ќе стартува од третото (+230), а ветеранот Фернадо Алонсо (Астон Мартин) од четвртото место.
Третиот ред го освоија возачите на Ред Бул. Изненадување е што Јуки Цунода е пред Макс Ферстапен. Следуваат Кими Антонели (Мерцедес), Карлос Саинц (Вилијамс), Шарл Леклер (ферари) и Алекс Албон (Вилијамс).
Пред спринт трката Норис има 24 поени повеќе од Пјастри и Ферстапен. Математиката е јасна, Норис викендов треба да освои два поени повеќе (спринт и главна трка) од конкурентите за да ја освои титулата.
Спринтот во Катар се вози во 15 часот по средноевропско време.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим ставил 11 фудбалери на трансфер листата, меѓу нив е капитенот
Манчестер Јунајтед наводно е подготвен да продаде дури 11 фудбалери, што Рубен Аморим ги отпишал. Изненадување е што на листата, барем така тврдат англиските медиуми, се наоѓа и еден од недопирливите, капитенот Бруно Фернадеш/
Евертон ја прекина серијата од пет натпревари без пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник вечерта.
Иако Идриса Геје беше исклучен поради старт врз соиграчот Мајкл Кин, по само 13 минути игра, голот на Дјусбери-Хол им ја донесе победата на „Карамелите“.
По натпреварот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа исвиркани од навивачите за нивната ужасна игра и пораз.
Манчестер Јунајтед моментално е на 10-то место на табелата во Премиер лигата, а како што стојат работите, се подготвуваат големи промени во ростерот.
Според „Сан“, Манчестер Јунајтед сака да го освежи редот за врска, во летниот преоден рок. Тие трансфери клубот би ги финансирал од продажба на фудбалери.
Англискиот дуо Адам Вортон и Елиот Андерсон се на врвот на листата на желби на Рубен Аморим, заедно со Карлос Балеба од Брајтон. Исто така, Јунајтед сака да донесе уште еден голман и играч на крилната позиција.
Јунајтед ги разгледува сите опции поради неизвесноста околу иднината на капитенот Бруно Фернандеш и Коби Меину.
Се тврди дека Бруно Фернандес би можел да се приклучи на друг клуб следната сезона, а Манчестер Јунајтед би требало да заработи околу 65 милиони евра.
Тој претходно изјави дека нема да донесе одлука за својата иднина додека не заврши Светското првенство следното лето.
На трансфер листата на Манчестер Јунајтед се наоѓаат и Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Магваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Тајлер Маласија.
Манчестер Јунајтед, следниот викенд играат против Кристал Палас на „Селхерст Парк“ во Лондон.
Спорт
Лапорта: Во Реал се заразени со „барселонитис“
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, остро го критикуваше Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез за време на неговата посета на Андора. Лапорта одговори на неговите остри изјави на последното Генерално собрание на Реал Мадрид.
Флорентино Перез ја обвини Барселона дека во последните 17 години му исплатила 8.000.000 евра на потпретседателот на судиската комисија, Хозе Марија Енрике Негреира. На собранието, кое има 1.563 членови, Перез ги критикуваше Ла Лига, Барселона, УЕФА, судиите… Тој не поштеди никого.
По ова следеше одговорот на Жоан Лапора.
„Немав можност да ги коментирам изјавите од тоа Собрание, но сега кога сум во Андора, имам можност. Мислам дека тие го покажуваат „барселонитисот“ од кој страда Реал. Се чини дека мора да зборуваат за Барса за да оправдаат, не знам зошто. Барса никогаш не купила судии и воопшто судиите никогаш не ја фаворизирале Барса, тие секогаш го фаворизирале Реал“, се оправда Лапорта.
Тој го, како пример дека Реал ја има поддршката од судиите, го наведе последното коло од Ла Лига.
„Без да одам понатаму, минатото коло, Реал постигна два гола, за мене е јасно дека Белингам ја допира топката со рака, а потоа Винисиус му го крши носот на Игнасио и тие два гола не треба да бидат признати и сега Барса би била лидер на Лигата“, нагласи претседателот на Барселона.
Лапорта исто така истакна дека обвинувањата на Реал нема да го оцрнат „златното доба“ во историјата на клубот:
„Тие имаат комплекс и манија да ја бркаат најдобрата фаза во историјата на Барса, не им се допаѓаше што Барса беше водечки тим на планетата од 2004 до 2015 година. А сега бараат изговори што не водат никаде. Ние бевме тим кој играше најдобар фудбал, беше препознаен, луѓето го сакаа и му се восхитуваа на тој тим. Освоивме многу титули, а играта на Барселона беше обожувана насекаде низ светот, затоа немојте да барате изговори“, подвлече лидерот Блауграна.
Претседателот на Барселона е задоволен ако противникот се чувствува така.
„Ако се заразени со „барселонитис“, јас сум среќен, бидејќи ова се обично периодите кога Барса е успешна и победува. Телевизијата на Реал Мадрид се обидува да влијае на судиите секоја недела“.

