Македонија
Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“
Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавање на директорската функција.
Новиот директор Коце Трајановски ја презеде функцијата од Ејуп Рустеми.
Рустеми го запозна Трајановски со состојбите и функционирањето на претпријатието.
„Денес, ја презедов функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Благодарам за дадената доверба од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за да го водам ова јавно претпријатие.
Ќе работам чесно и посветено сè со цел да се реализираат што повеќе проекти, кои ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните“, напиша Трајановски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ
Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР.
„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, се наведува во соопштението.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Возачот кој што во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.
За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.